5 начини на кои можете да направите секој да се почувствува посебно

5 начини на кои можете да направите секој да се почувствува посебно

Без разлика дали станува збор за блиски личности, колеги или пак, целосни странци, стари или млади, машки или женски, желбата да се чувствува ценето е универзална за секоја личност. Дали постои некоја личност која би сакале да направите да се почувствува посебно? Погледнете ги наредниве неколку едноставни начини на кои можете да го сторите тоа…

5 начини на кои можете да направите секој да се почувствува посебно

Мали подароци наменети само за него/неа

Понекогаш доволно е да го подарите омиленото чоколадо на онаа личност која навистина ви значи и тој/таа веднаш ќе се почувствува посебно. Подарокот не треба да биде голем и вреден, дури може и да е нешто што сами сте го направиле. Целта е тој да предизвика топлина во срцето на оваа личност.

Нежни и чести допири

Весела прегратка, нежен допир на рамото во поминување, пријателско ракување… Голем број студии ја покажале моќта на допирот во подобрувањето на расположението кај оние околу вас и токму затоа обидете се што повеќе да ги применувате овие мали и моќни гестови.

Споделување на топло сеќавање

Потсетете го/ја на некој ваш интересен заеднички настан. На овој начин вие ќе ѝ покажете на оваа личност дека сте обрнале внимание, сте се потсетиле или сте запомниле нешто поврзано со вас, а токму ова чувство на забележаност може да предизвикува пријатност кај секого.

Искористете го вашиот талент

Без разлика дали станува збор за музика, цртање готвење или пак, која било друга област во која сте талентирани, вие можете да направите која било личност од вашиот живот да се почувствува посебно. Искористувајќи ја вашата креативност, овие уникатни гестови секогаш ќе измамат насмевки кај оние за кој се наменети и никогаш нема да бидат заборавени.

Испланирајте настан

Ова е едно од оние изненадувања кои секогаш се помнат и кои постојано се прераскажуваат низ насмевки. Одведете го вашиот најдобар пријател на пикник во парк, организирајте романтично викенд бегство во соседниот град за вас и вашиот партнер или пак, однесете им појадок во кревет на вашите родители. Зарем има подобар начин да им покажете на овие личности колку се навистина посебни за вас?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар