5 начини на кои можете да го поттикнете да ви пристапи

5 начини на кои можете да го поттикнете да ви пристапи

Исто како што вам не ви е лесно да пристапите некому, така и нему може да му биде страв – особено ако не е сигурен дали ви се допаѓа. Па, доколку сакате да го поттикнете да се охрабри да ви пристапи, тогаш погледнете ги следниве начини на кои можете тоа да го сторите.

1. Разговарајте со други мажи

Ако сакате да го привлечете вниманието на некој маж, обидете се во негова близина да зборувате со други мажи со цел да му дадете до знаење дека сте достапни за разговор. Ако и тој ви фрлил око, ќе се исплаши да не ве освои некој друг, па тоа дополнително ќе го мотивира да ви пристапи.

2. Бидете насмеани

На мажите им е многу полесно да им пристапат на насмеани жени кои делуваат опуштено, подостапно и помалку застрашувачки од оние што постојано се мрштат.

3. Внимавајте на говорот на вашето тело.

Начинот на кој се држите кога сте во близина на некој фраер може да му каже многу повеќе од кој било друг сигнал што ќе му го пратите. На пример, ако постојано ги држите рацете вкрстени, големи се шансите тој да не ви пристапи затоа што ќе помисли дека сте „затворени“. Говорот на телото е многу погласен од кој било збор.

4. Воспоставете контакт со очите

Ова е можеби најхрабриот начин да натерате некого да ви пријде, но исто така и најефективниот. Обидете се да го „уловите“ неговиот поглед и воспоставете контакт со очите со него, кој не треба да биде ни премногу краток, за да помисли дека случајно сте го погледнале, ниту пак премногу долг, за да не го исплашите.

5. Избегнувајте наметлива облека

Иако е популарно мислењето дека мажите повеќе им пристапуваат на жените што се атрактивно облечени, вистината е сосема спротивна. Жените во полежерна комбинација е помалку страшна за мажите па затоа и тие полесно им пристапуваат.

Прочитајте и кога флертувањето преминува во нешто посериозно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар