5 начини на кои мажите се менуваат кога ќе станат татковци
Дури и оние мажи кои ви делуваат како да не се воопшто флексибилни можат да се променат. Науката покажала дека најголемите промени кај нив настануваат тогаш кога тие за прв пат стануваат татковци. И покрај тоа што е општо познато дека мајките се природно опремени за нега и заштита на бебето поради хормоните на кои се изложени за време на бременоста и породувањето, сепак студиите ни покажуваат дека и кај мажите се развиваат слични инстинкти откако бебето ќе се роди.
Докторите исто така докажале и дека откако мажите ќе станат татковци, структурата во нивниот мозок се менува, поточно се зголемуваат сивите клетки во центрите одговорни за контрола на хормоните, емоционалното процесирање, помнењето и одлучноста. Погледнете ги следниве неколку начини на кои мажите се менуваат кога ќе го добијат своето прво дете.
1. Мажите преку ноќ престануваат да бидат гадливи
Ако помислата за чистење влакна од одводот му делувала како нешто одвратно и невозможно за правење, добро е да се знае дека татковството „лечи“ од секаков вид гадливост. Секојдневното менување пелени и честото повраќање од страна на бебињата се само дел од активностите поради кои тие почнуваат поинаку да гледаат на нештата.
2. Тие одеднаш стануваат ранобудници и утрински типови луѓе
Новите татковци се збогуваат со ноќните излегувања и маратоните со видео игри до раните утрински часови. Исто како и мајките, така и тие ги користат сите шанси за сон, па спијат додека спие бебето и будни се кога и тоа е будно – најчесто рано наутро. Овие видови промени можат лесно да ви покажат и дали тој ќе биде добар татко.
3. Престануваат да бидат пребирливи со храната
Редовната консумација на храната по раѓањето на детето за многу парови станува недостижна цел. Родителите престануваат заедно да јадат, бидејќи тоа го прават во смени со цел еден од нив да внимава на бебето додека другиот јаде. Исто така често може да им се случува да јадат и на нозе, додека во едната рака го држат своето мало.
4. Татковците почнуваат повеќе да ги ценат малите нешта
Мајките знаат дека кога некому го посветувате целото свое внимание, дури и најмалите отстапувања од тој распоред може да предизвикаат паника. Токму затоа и татковците почнуваат да гледаат дури и на најсекојдневните обврски како пречки во нивното квалитетно поминато време со најмалото.
5. Тие стануваат многу поорганизирани
Прошетката во парк со бебето подразбира голема подготовка и вештина за организирање која не секој ја поседува. Вие не можете никаде да тргнете без количка, пелени, влажни марамчиња, крема за лице со заштитен фактор, ќебенце, храна, облека, обувки… Иако е мало, на детето му требаат неверојатно многу работи, па затоа и не изненадува тоа што родителството ги подобрува способностите за организација кај мајките и татковците.