5 начини кожата на грбот да ви биде мека и свиленкаста

5 начини кожата на грбот да ви биде мека и свиленкаста

Летото е најдобриот период за маички и фустанчиња со гол грб, но ако грбот ви е полн со нечистотии, тоа баш и не изгледа најпривлечно. Еве како да ги решите проблемите со грбот.

0-pet-nachini-kako-kozhata-na-grbot-da-vi-bide-meka-i-svilenkasta-kafepauza.mk

1. Производите за нега кои ги користите ви ги затвораат порите

Млекото за тело, маслото за масажа и кремата за сончање можат да поттикнат настанување на митесери затоа што овие продукти ги затвараат порите. За заштита од сонцето користете крема која не е мрсна или која брзо се суши и лесно се впива во кожата. Исто така, за време на летните месеци, млекото за тело заменете го со лосион – тој содржи помалку масло, а подеднакво добро хидрира. Ако одите на масажа замолете ги да користат лосион или гел при третманот.

2. Материјалите од облеката ја иритираат кожата

Ова особено важи за облеката во која вежбате, затоа што таа најчесто е од вештачки материјали како синтетиката. Ваквите материјали предизвикуваат иритација на кожата поради отежнатата регулација на телесната температура. Решението на овој проблем лежи во тоа што треба да одбирате облека од природни материјали, како памук и лен.

3. Генетски сте склони кон појава на акни

Ако генетски сте склони кон создавање на акни, тогаш користете средство за туширање кое е воедно и млеко за тело, по можност со бензил пероксид. Средствата кои се плакнат помалку ја иритираат кожата од оние чии микрочестички се задржуваат на површината.

4. Не му посветувате доволно внимание на грбот

Можеби ви се чини дека доволно е само да се истуширате за да ги исчистите нечистотиите од грбот. Она што не сте го знаеле е дека нечистотиите можат со денови да останат на грбот затоа што потешко е да достигнете до оваа регија. На кожата на грбот ѝ е потребна истата нега како на кожата на лицето.

Затоа, два пати неделно правете пилинг на целиот грб, притоа користејќи природни препарати, по можност со морска сол. Исто така, водете сметка препаратите кои ги нанесувате да бидат прилагодени на вашиот тип кожа.

5. Јадете храна која ѝ штети на кожата

Според дерматолозите, она што е добро за срцето е добро и за кожата. Тоа значи како ака сакате мека и свиленкаста кожа треба да избегнувате слатка, брза и конзервирана храна која е полна со штетни адитиви. Барем на лето, трудете се да јадете што е можно поздрава храна. Јадете урамнотежени оброци – и по количина и по состав, и нека доминираат овошјето и зеленчукот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар