5 начини кои ќе ви помогнат вашата љубовна врска да ја преживее празничната сезона
Полека се приближуваме кон празниците, време кога има многу забава, дружење, но и многу метеж. Иако тие изгледаат како одлично време за одмор, сепак, од некој аспект, празниците може да создадат повеќе стрес, како во работата, така и во љубовните врски. Една студија спроведена на Фејсбук од страна на еден новинар, открила дека повеќе раскинувања се случиле за време на празниците, отколку во кое било друго време во годината. Како причини овде може да се наведат притисокот од семејството, работата под стрес, дополнителниот притисок, потребата да се излегува и да се има повеќе забава и слично. За да ја сочувате вашата врска во овој период, погледнете ги овие пет начини кои ќе ви бидат од голема корист.
1. Одржувајте силна комуникација
Не дозволувајте преголемата зафатеност околу работата и притисокот околу празниците да ве спречат да комуницирате. Лесно може да станете преоптоварени со обврски, па потоа и малите проблеми ќе ви изгледаат големи. Не претпоставувајте како вашиот партнер размислува или како се чувствува. Комуницирајте за да бидете сигурни дека и двајцата се разбирате.
2. Имајте реални очекувања
Доколку за време на празниците излегувате и се дружите со други парови, не споредувајте ја вашата врска или вашиот партнер со нив. Со тоа што ќе очекувате вашиот партнер да биде како некој друг, ќе добиете само неуспех и разочарувања. Затоа, бидете реални.
3. Заштитете се од дополнителниот стрес
Празниците се период кога повеќе време поминувате со вашето семејство и вашите роднини, а тогаш неретко може да почувствувате и притисок од нив, прашувајќи ве за тоа што планирате понатаму со вашиот партнер. Разговарајте уште пред празниците дека сакате да уживате во овој период и дека тоа не е време за донесување такви големи одлуки. Ова ќе ве заштити од дополнителниот стрес, а исто така ќе имате подготвено и одличен одговор за вашите најблиски.
4. Зачувајте ја романтиката
За време на празниците паровите може да бидат толку зафатени, што ќе заборават да посветат повеќе време еден на друг. Затоа, закажете си една ноќ само за вас двајцата и уживајте во вашата љубов.
5. Вежбајте трпеливост и флексибилност
Поради потребите на семејството, обврските на работа, купувањето подароци за вашите најблиски и други видови стресови, многу е важно да имате флексибилност и трпение со вашиот партнер. Колку побрзо го направите ова, толку подобро вашата врска ќе ја помине стресната празнична сезона.