5 начини да се ослободите од негативните мисли
Негативните мисли кои им дозволуваме да го контролираат нашиот ум, можат целосно да го променат нашиот начин на размислување, а на крај, и нашиот живот. И додека можеби се чувствуваме заробени со овие мисли, треба да знаеме дека не сме!
Обично, во некоја ситуација кога некој ќе ни каже дека треба да се фокусираме на позитивни мисли, повеќето од нас стануваме бесни. Како се осмелуваат тие да ни кажат да преземеме контрола на нешто што изгледа далеку од нашиот опсег на моќ? Доколку можевме да мислиме позитивно, зар немаше да го направиме тоа?
Но, нашите мисли се многу помоќни отколку што веруваме и треба да ја разбереме нашата способност за нивно контролирање. Доколку станеме свесни за нашите мисли, полесно ќе можеме да ги претвориме во позитивни, кои ќе го тренираат нашиот мозок да ги надвладува негативните и стресни мисли. Во продолжение прочитајте како да го направите тоа:
1. Проширете ја вашата свест
Кога негативните мисли ќе навлезат во нашиот ум, ние сме свесни за нив до некое ниво, но нè секогаш сме навистина свесни. Доколку забележите вознемирувачка мисла, оттргнете го вниманието од неа и запрашајте се „Дали оваа мисла има цел, или служи само да ме вознемири?“. Доколку одговорот е не, тогаш веќе сте спремни за трансформација на таа мисла. Доколку помислите „Ништо не ми оди“, заменете ја оваа мисла со „Промените се секогаш тешки во почетокот, но сè ќе се среди“.
2. Разберете дека негативните мисли се нормална работа
Додека чудните, самоуништувачки и вознемирувачки мисли изгледаат ирационално, сите ги имаат, и тие се многу чести. Кога некоја негативна или вознемирувачка мисла ќе ви навлезе во умот, не ѝ судите. Набљудувајте ја, а потоа пуштете ја.
3. Пренасочете го вниманието
Додека ви се појавуваат негативни мисли, обидете се фокусот да го пренасочите кон нешто што е помалку вознемирувачко, па дури и забавно. Обидете се да пеете, или фокусирајте се на некоја тема која прилично ве интересира.
4. Тоа се само мисли
Кога имаме негативни мисли, честопати ги третираме како вистински настани. Разберете дека вашите мисли не се поврзани со вистински настани и дека не се темелат на истите. Пуштете ги.
5. Постои одговор
Обидете се да ги разберете корењата на вашите негативни мисли. Поставете си прашања. Од каде потекнуваат? Што ги активира? Што можам да направам да ги спречам? За ова ќе биде потребно многу работа, но навистина вреди и на крајот вашиот труд ќе се исплати.
Прочитајте ги и овие 10 начини за детоксикација на вашата душа и ослободување од негативност.