5 начини како да останете најдобрата верзија од себе

5 начини како да останете најдобрата верзија од себе

Во светот кој брза, трча и никогаш не застанува, не е лесно да се остане искрен и автентичен кон себе и сопственото „јас“. Многу лесно можеме да ги замениме нашите ставови и да започнеме да чекориме по патот кон кој некој друг нè упатил. Завидливо ги набљудуваме туѓите животи на социјалните мрежи и ги споредуваме со нашиот, копнеејќи по романтична врска, патувања и животен стил што најчесто не се реални. Ако се препознавте во овие зборови, не грижете се, не сте единствени. Кога животот ќе ви изгледа „нестабилен“ и не сте сигурни дали живеете во „своја магија“, застанете и вдишете длабоко. Најчесто до ова доаѓа кога не се слушаме себеси и нашата интуиција, не ги следиме своите желби и не се посветуваме на работите што нè прават среќни.

1-5-nachini-kako-da-ostanete-najdobrata-verzija-od-sebe-www.kafepauza.mk_

Дури и ако моментално не чувствувате дека живеете во „својата магија“ во наредните редови ви откриваме 5 начини како да останете најдобрата верзија од себе. Можеби некои од овие совети ќе ви изгледаат тешко применливи, односно бараат поголем труд, но верувајте ни, навистина се вредни за тоа.

1. Играјте во свој ритам

За да останете најдобра верзија од себе, пред сѐ морате да се сакате и да останете верни на личноста која сте, без разлика на тоа што е во тренд или кои стандарди вашето општество моментално ги смета како показатели за убавина, успешност во кариерата или остварена личност. Ако вашите приоритети се поразлични од приоритетите на другите луѓе околу вас, тоа е сосема во ред.

Никој, ниту вашите родители, ниту пријателите, ниту еден астролог, а камоли општеството не може да ви каже каде се крие вашата среќа. Затоа гледајте на тоа вака – вие сте една личност на планетата која е баш онаква каква што сте вие. Да, сите ние сме слични на овој или на оној начин, но вие сте единствена личност која изгледа како што изгледате, која говори како вас, која чекори по улицата како вас или се смее како вас. Затоа осветлете го светот со вашата светлина и не споредувајте се со другите. На светот му е потребна вашата магија.

2. Воведете мали ритуали за нега – вашата кожа ќе ви биде благодарна

Сега е вистинско време да започнете да ја градите иднината на вашата кожа. Сите ние живееме брзо, спиеме малку, понекогаш не ја отстрануваме шминката од лицето и потоа се чудиме од каде се појавила токму таа акна на образот, зошто нашите пори се проширени, а тенот ни е блед? И од каде тие брчки околу очите и надуените капаци? Важно е секогаш да користите и хидратантна крема со висок заштитен фактор без оглед на временските услови, бидејќи УВ зраците може да продрат низ вашата кожа и кога е облачно. Исто така, користете и посебна крема која е наменета за пределот околу очите.

2-5-nachini-kako-da-ostanete-najdobrata-verzija-od-sebe-www.kafepauza.mk_

3. Дружете се со луѓето што ги сакате

Ова делува како основен совет, но всушност премногу често ги одложуваме средбите со луѓето кои најдобро нè познаваат, кои ни помагаат да се опуштиме и да размислуваме за други работи кои немаат врска со кариерата или работите кои нè оптоваруваат, бидејќи сме презафатени. Запрашајте се, колку навистина сте зафатени, а колку работи од вашата листа со обврски може да почекаат? Не е страшно ако не ги прецртате сите десет точки кои сте ги планирале. Пријателите ќе ви го вратат еланот и позитивната енергија, па затоа не заборавајте ги.

4. Пронајдете го вашиот момент на мир и тоа секојдневно

Секојдневно одвојувајте од половина до еден час време за себе. Тогаш едноставно „исклучете се“. Изгасете го мобилниот телефон, известувањата, заборавате на проблемите и обврските кои ве чекаат тој ден и посветете се на себе. Без разлика дали тогаш ќе одлучите да заминете на прошетка, да возите велосипед, да трчате или да вежбате јога, пронајдете го вашиот „вентил“ кој ќе ви помогне да се обновите и да се опуштите за денот кој е пред вас.

5. Разубавете го светот околу себе

Како што имате работи кои ве мачат, така и другите имаат свои проблеми. За да останете најдобрата верзија од себе, обидете се да го направите животот помалку комплициран за луѓето околу вас. Бидете причина за нечија насмевка, дајте некој комплимент, понудете помош кога ќе забележите дека е потребна и бидете отворени за промени. Тие го прават животот поинтересен.

3-5-nachini-kako-da-ostanete-najdobrata-verzija-od-sebe-www.kafepauza.mk_

Животот постојано ви дава можности, а овие животни шанси никако не смеете да ги пропуштите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар