5 начини да уживате во љубовта како на почетокот од љубовната врска

5 начини да уживате во љубовта како на почетокот од врската

Секоја врска има свои подеми и падови, а кога ќе стане густо и искрите ќе затлеат, тоа не значи дека треба веднаш да ги дигнете рацете и да се откажете. Баш напротив, тогаш е вистинскиот момент да поработите на вашата врска и повторно да ја оживеете романсата. Ви откриваме 5 проверени начини како да го направите тоа.

1-5-nachini-da-uzhivate-vo-ljubovta-kako-na-pochetokot-od-ljubovnata-vrska-www.kafepauza.mk_

1. Допирајте се почесто

Физичкиот допир е доста важен фактор за воспоставувањето блискост. Честото допирање може да помогне при создавање нова искра во вашата врска. Секако, тоа не значи дека треба да претерувате. Понекогаш и суптилните знаци на приврзаност се доволни и може да направат разлика. Држењето за рака или обичниот бакнеж во образ може да значат многу.

2. Испланирајте заедничко време

Немојте да мислите дека романтиката сама од себе исчезнува. Како и за поголемиот дел од работите во животот, така и во добрата врска треба да вложите труд и работа. Во овој случај станува збор за издвојување време за вашиот партнер. Поради брзото темпо на живот и обврските, често се заборава на романтиката, но нејзината важност е доста значајна за одржување здрава врска. Затоа неколкупати месечно испланирајте време кое ќе биде само за вас и вашиот партнер, како што е одењето во кино, на концерт или заедничкото готвење.

3. Романтични патувања

Не треба да ја потценувате силата на патувањата и заедничките одмори. Одморот само за вас двајцата сигурно ќе ви помогне да го зацврстите вашиот однос и да ја оживеете романсата. Не е важно дали се работи за егзотична дестинација од соништата или патување за викенд, туку е важно да се оддалечите од секојдневието и да уживате во заедничкото друштво.

2-5-nachini-da-uzhivate-vo-ljubovta-kako-na-pochetokot-od-ljubovnata-vrska-www.kafepauza.mk_

4. Доделување комплименти

За да преживее романтиката важно е да му давате комплименти на партнерот како и да му зборувате кои работи ги обожавате кај него. Токму кога ќе ви се причини дека врската стагнира сетете се на она што ве навело да се заљубите во него/неа. Дали станува збор за смислата за хумор или за смирениот карактер? Никогаш не престанувајте да им кажувате дека ги сакате и ги цените.

5. Меѓусебно учење

Без разлика на тоа колку години имате или колку долго сте во врска, секогаш можете да научите нешто повеќе. Можеби мислите дека знаете сѐ за вашиот партнер, но луѓето постојано се менуваат. Слушајте внимателно и продолжите да учите еден за друг. Така вашата врска секогаш ќе ви биде занимлива и можеби ќе се изненадите со некое дополнително откритие. Ова ќе ви овозможи повторно поврзување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар