5 начини да се мотивирате да продолжите со вежбање дури и кога температурите ќе опаднат

5 начини да се мотивирате да продолжите со вежбање дури и кога температурите ќе опаднат

Лесно е да се мотивирате да излезете надвор кога ве привлекуваат сонцето и топлината. Но, штом ќе настапат постудените денови, многумина имаат навика поголемиот дел од времето да го поминуваат во затворен простор и секако, ова не е добро за целокупното здравје. Затоа, не дозволувајте временските услови да ве спречат да престанете со вежбање и да ги користите придобивките кои ги нуди отворениот простор. Погледнете ги следниве 5 начини што ќе ви помогнат вашето есенско вежбање да биде многу поинтересно од она во летото.

5 начини да се мотивирате да излезете надвор дури и кога температурите ќе опаднат

1. Вежбајте во убава околина

Иако летното вежбање е полесно и позабавно, физичката активност во есен е многу поубава. На пример, пронајдете место за вежбање каде што ќе бидете опкружени со топлите бои на есента и ќе имате природна забава која ќе ве придружува во текот на целиот процес.

2. Излезете и одберете ја храната што ви е потребна

Отидете до пазарот и изберете свежи есенски производи кои ќе ги вклучите во вашата исхрана. За да бидете сигурни кога е сезоната за одреден производ, проверете што се произведува во септември, октомври и ноември.

3. Приклучете се на некои активности

Без разлика дали ќе се приклучите на некоја велосипедска трка или планинарско друштво, ова е одлична можност да излезете надвор и да бидете активни. Со самото тоа што ќе се приклучите на одредени групи, вие ќе чувствувате обврска да отидете, па по одредено време без сомнение ќе ги почувствувате и придобивките.

5 начини да се мотивирате да излезете надвор дури и кога температурите ќе опаднат

4. Вежбајте додека работите

Кога лисјата почнуваат да паѓаат и ја покриваат целата земја, тоа може да биде одлична глетка. Но, по само неколку денови тие ќе почнат да стануваат влажни и нема да бидат пријатни за гледање, при што ќе морате да ги соберете. Но, погледнете на светлата страна. Времето поминато во нивно собирање може да биде одлична активност за согорување калории. Доколку сакате да добиете дополнителна корист, пред да ги соберете трчајте и скокајте во купот лисја, без оглед на тоа дали имате деца да ви се придружат или не.

5. Вежбајте рано

Промените кои ги носи новата сезона, како што е на пример недостатокот на сончева светлина, може да влијаат на вашето расположение, што потенцијално ќе влијае и на вашиот распоред за вежбање. Имајте на ум дека оние кои вежбаат секојдневно имаат 25% помалку шанси да развијат симптоми на депресија и анксиозност. Па, започнете со вежбање што е можно порано, затоа што како што заоѓа сонцето и температурите опаѓаат, сигурно повеќе ќе сакате да седите во удобниот и топол дом.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар