5 начини да останете во контакт со вашите пријатели дури и покрај „густиот“ распоред
Фактот дека со тек на време работите на кои сте се навикнале ќе почнат да се менуваат понекогаш знае да биде навистина застрашувачки. Без разлика колку го исчекувате и се радувате на секој нов сегмент од вашиот живот, понекогаш се навраќате на одредени моменти кои сакате повторно да ги проживеете. Она за кое мора да се погрижите е луѓето кои ги сакате да бидат покрај вас, за и тие да не станат убави спомени.
Работата, љубовниот партнер, децата и сите останати обврски во вашето секојдневие многу лесно може да станат причина за оддалечување од пријателите. Во густиот распоред во кој одвај се снаоѓате никако не можете да одвоите време кое ќе го поминете со вашата пријателка, а секогаш ги одложувате вашите средби, бидејќи знаете дека нема да ви замери и дека ќе ве разбере. Меѓутоа, тоа укажува на нужно оддалечување од неа, иако ниту во еден момент не сте го посакале тоа. За да ги избегнете овие последици и да одржувате редовен контакт со пријателите, ви нудиме 5 предлози кои можете да ги примените во вашето планирање на времето.
1. Најдете компромис за начинот на комуницирање
Ви се случува кога ќе погледнете во телефонот да видите пропуштен повик од вашата пријателка и да помислите во себе дека ќе ѝ се јавите подоцна кога ќе имате повеќе слободно време, но потоа ќе заборавите? Или пак, ќе ѝ се јавите, но заради невозможноста за нормален разговор (проблеми на работното место, детски гласови) сепак ја прекинувате врската. Доколку ви досадило да останете така недокажани, тогаш направете компромис и комбинирајте ги вашите паузи или слободното време, одредете ваш тајминг кој би можеле да го искористите за сето она што сакате да го слушните и да си кажете една на друга. Доколку телефонските разговори се премногу, понекогаш можете да ја сведете вашата комуникација и на текстуални пораки. Не е важно за што ќе се одлучите ако успевате да одржувате дури и минимален контакт.
2. Договарајте состаноци
Одредувајте приоритетен состанок со пријателката колку што е можно повеќе. Без разлика дали тоа ќе биде еднаш неделно или пак месечно, важно е да се видите и заедно да се напиете кафе, да одите на ручек или едноставно да уживате под отворено небо. Договорете се однапред, закажете средба и планирајте ги останатите активности во согласност со тоа. Нека тоа ви биде мотивација во моментите кога немате сила, бидејќи знаете дека наскоро ќе ја видите вашата пријателка и ќе помините квалитетно време во нејзино друштво. Со тек на време тоа ќе стане вашата омилена рутина.
3. Планирајте заеднички настани
Иако не се како долготрајните разговори со пиење кафе, заедничкото одење на роденден, венчавка, па дури и на фризер, масажа и други однапред закажани настани исто така подразбираат моменти во кои ќе можете да го ублажите недостигањето. Договорете се и тргнете заедно, а таму останете во близина. Секогаш ќе можете да најдете момент во кој ќе се посветите на вашите омилени теми.
4. Извршувајте ги работите заедно
Одењето во маркет, на шопинг, во парк со децата, како и извршување одредени обврски во градот – сето тоа можете да го направите во друштво. Ако живеете во ист крај, тогаш тоа е лесно изводливо и брзо за договарање, па без проблем ќе ги извршите сите планирани обврски, додека истовремено ќе успеете и да се видите. Освен тоа, доколку вашата пријателка е покрај вас, секогаш можете да се потпрете и на нејзината помош или совет доколку ви е потребен.
5. Дајте ѝ до знаење дека ви недостига
Кога ќе одвоите време за разговор, не двоумете се да ѝ кажете на вашата другарка како се чувствувате и дека ви недостига. На тој начин навистина ќе ѝ покажете дека се грижите и дека давате сѐ од себе за да го одржите контактот, но не сте секогаш во можност да се прилагодувате на своите желби. Таа ќе ве разбере, но и вие неа, и ќе продолжите да пронаоѓате решенија за понатамошни комуницирања на сите начини кои ви се достапни.
Погледнете ги овие цитати од ТВ серијата „Вовед во анатомија“ во кои ќе се пронајдат сите најдобри пријателки!