5 начини да останете блиски со пријателите од факултет иако сите сте тргнале по свој пат
Сте поминале 4 години со овие луѓе и одеднаш сфаќате дека треба да се разделите и дека можеби нема да се гледате толку често како претходно. Она што започнало со „Здраво“ прераснало во нераскинливо пријателство и ве ужасува помислата на тоа дека можеби нема повеќе да се дружите.
Иако сте си ветиле дека никогаш нема да заврши вашето пријателство, полека сте почнале да се оддалечувате. Секојдневните обврски ви застанале на патот и прво сте успевале да одите на кафе еднаш неделно, па тоа се претворило во телефонски повик еднаш месечно, за на крајот да дојде до тоа да разговарате 2 пати годишно. За среќа, благодарение на брзиот напредок во технологијата, лесно можете да останете во контакт со сите луѓе кои ви значат. И покрај тоа што сите сте тргнале по свој пат, постојат 5 начини кои ќе ви помогнат да останете блиски со пријателите од факултет…
1. Организирајте групни собири
Можеби ви се чини глупаво да планирате излегување цел месец однапред, но секојдневните обврски нема да ви дозволат така лесно да ги задржите старите навики. Претходно сте се договарале само неколку дена однапред и постојано сте биле слободни, но сега се радувате ако успеете да одвоите еден час за вашите најблиски.
Јавете им се на вашите пријатели од факултет и организирајте средба неколку недели однапред за да можете да се соберете сите и да поразговарате. Тие ќе ви бидат благодарни што сте преземале иницијатива. На овој начин, ќе треба да одвоите време само за едно излегување, а кога ќе го ставите планот во распоредот, нема да можете така лесно да го откажете.
2. Слушнете се одвреме-навреме
Ако не сте ги виделе вашите пријатели подолго време, само јавете им се и прашајте ги како се. Времето минува брзо и можеби сте пропуштиле некои мали, но значајни детали од нивниот живот. Можеби вашата поранешна колешка од факултет има нов дечко или домашен миленик. Станува збор за работи кои се важни, но нема да можете да ги дознаете од социјалните мрежи. Можете дури и да го проверите нивниот Фејсбук профил за да видите дали има нешто ново и да им пишете кратка порака. Ќе им биде драго што се интересирате за нив.
3. Користете Скајп
Скајпот многу ќе ви се најде ако имате некои пријатели од факултет кои си заминале од државата. Порано сте биле заедно по цели денови, но сега сте многу далеку едни од други и нормално е тоа што си недостигате. Иако дружбите преку Скајп не можат да ги заменат дружбите во живо, барем ќе можете да останете во контакт со луѓето кои ви значат и да дознаете повеќе за нивниот нов живот.
4. Праќајте си работи што ќе ве потсетат на старите добри времиња
Дали некогаш сте оделе по улица и сте виделе нешто што ве потсетило на некој од вашите пријатели од факултет? Дали сте налетале на фустан ист како оној што го носела вашата смешна професорка? Направете групна порака и испратете фотографија. На вашите пријатели ќе им биде драго тоа што сте сетиле на нив иако поминало многу време. Ќе се изнасмеете и веднаш ќе си го подобрите расположението како во старите добри времиња.
5. Информирајте се за работите што ви се случуваат
Ако ви се случило нешто значајно во животот, соопштете им го тоа на вашите пријатели од факултет. Можеби сте добиле унапредување на работа или вашата сестра родила дете. Без разлика за што станува збор, информирајте ги за она што ви се случува во животот. И покрај тоа што не сте зборувале подолго време, тие ќе бидат возбудени да ги чујат сите значајни детали што ги пропуштиле.
Брзиот начин на живот ги оддалечува луѓето и тоа е неизбежно. Не е воопшто забавно, но и покрај тоа што не се гледате толку често со вашите пријатели, сѐ уште се радувате на вашите успеси како да се ваши. Убавината кај пријателствата стекнати на факултет е тоа што иако сте далеку едни од други, вашата врска ќе остане засекогаш во вашите срца. Дајте сѐ од себе за да го одржите контактот со вашите пријатели и никогаш нема да се чувствувате осамени.
Прочитајте и како да останете во контакт со поранешните колеги.