5 начини да го заштитите вашиот врат од предвремено стареење

5 начини да го заштитите вашиот врат од предвремено стареење

Повеќето од нас не размислуваат воопшто за кожата под нашето лице, но со малку повеќе нега, вашиот врат може да изгледа мазно и младолико многу подолго одошто мислите. Во продолжение следуваат наједноставните начини да ја спречите појавата на така наречениот „мисиркин врат“ и да ја задржите цврстината на кожата во таа област!

1. Редовно нанесувајте крема за сончање

(1) 5-nachini-da-go-zashtitite-vashiot-vrat-od-predvremeno-stareenje-www.kafepauza.mk

Најважното нешто што можете да го направите за да ја спречите кожата на вашиот врат да се растегне е ако редовно нанесувате крема за сончање. И потребно е да користите многу повеќе од остатоците од кремата што сте ја нанеле на лицето. Одвојувајте соодветна количина крема за да го покриете целиот врат и брзо ќе почнете да забележувате разлика.

2. Заштитете го вратот од директно изложување на сонце

(2) 5-nachini-da-go-zashtitite-vashiot-vrat-od-predvremeno-stareenje-www.kafepauza.mk

Најдобриот начин да го сторите ова е доколку одберете огромен летен шешир! Ем ќе бидете во тренд, ем ќе го ограничите зрачењето од сонцето што ја разлабавува кожата на вашиот врат, а со тоа и ќе го подмладите.

3. Користете ја кремата за лице

(3) 5-nachini-da-go-zashtitite-vashiot-vrat-od-predvremeno-stareenje-www.kafepauza.mk

Да, можете да купите и посебна крема, но нема потреба да давате дополнителни пари за тоа. Едноставно користете ја онаа крема што веќе знаете дека ви одговара на лицето и сѐ ќе биде во ред. Само внимавајте таа да содржи состојки како пептиди или ретинол бидејќи и двете се познати по стимулирање на колагенот во кожата.

4. Спијте на грб

(4) 5-nachini-da-go-zashtitite-vashiot-vrat-od-predvremeno-stareenje-www.kafepauza.mk

Ова е најдобрата позиција за спиење поради многу причини – една од нив е да се осигурите дека вратот ќе ви биде малку подигнат во текот на целата вечер. Ако спиете на стомак или на страна, ќе го притискате лицето и вратот на перницата и со тек на време ова ќе ја „истроши“ деликатната кожа во областа кај вратот и ќе предизвика линии.

5. Поретко гледајте во телефонот

(5) 5-nachini-da-go-zashtitite-vashiot-vrat-od-predvremeno-stareenje-www.kafepauza.mk

Благодарение на нашата зависност од Инстаграм, дерматолозите добиле сосема нов случај на прерано стареење! Ги знаете оние хоризонтални линии што се лесно исцртани на вашата кожа? Тие со тек на време стануваат подлабоки ако упорно зјапате во мобилниот. Најочигледниот начин да го спречите ова е доколку го држите мобилниот во линија на очите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар