5 начини да го спречите опаѓањето на косата во есен

5 начини да го спречите опаѓањето на косата во есен

Есента е годишно време во кое сите ние доживуваме поголемо опаѓање на косата. Сведете ја оваа појава на минимум со помош на триковите кои ви ги откриваме во продолжение.

1-5-nachini-kako-da-go-sprechite-opagjanjeto-na-kosata-vo-esen-www.kafepauza.mk_

1. Немојте премногу грубо да ја триете косата додека ја миете

Секогаш користете поблаг шампон, а уште поважен е начинот на кој ја миете косата. Силното триење на влакната предизвикува оштетување на нивната структура. Шампонот масирајте го со нежни движења. Освен што темелно ќе ја измиете вашата коса, нежната масажа и ќе ве опушти.

2. Внимавајте водата да не биде премногу топла

Ако уживате во жешките тушови мораме да ви соопштиме една лоша вест. Освен што ќе ја надразните и исушите вашата кожа, премногу топлата вода не е добра ниту за вашата коса. Млаката вода е најдобра за косата. Ќе ја отстрани целата нечистотија без да ги надразни влакната и без да го уништи природниот заштитен слој. Како резултат ќе имате и посјајна коса.

3. Чешлањето е важно за здравјето на косата

Чешлањето е важен дел од рутината за одржување на косата. Купете си квалитетна четка за коса која одговара на вашиот тип влакна. Прво секогаш чешлајте ги врвовите на косата, а потоа постепено движете се кон темето. Со честото чешлање ќе ги избегнете заплетканите делови заради кои косата дополнително пука при обидите за расчешлување.

2-5-nachini-kako-da-go-sprechite-opagjanjeto-na-kosata-vo-esen-www.kafepauza.mk_

4. Бидете внимателни при сушењето и пеглањето на косата

Сите ние веќе знаеме дека топлината ја уништува косата. Летото е идеално време кога забораваме дека постои фен, бидејќи сонцето и неговата топлина се најдобри за сушење на косата. Сепак, студените денови бараат употреба на фен, бидејќи мократа коса на ниските температури може да предизвика настинка. Пред фенирањето, добро исцедете ја косата со пешкир (бидете нежни), а дури потоа почнете да ја сушите. Исправувајте ја косата само кога е целосно исушена.

5. Користете наменски третмани за вашиот тип коса

Косата бара нега. Наоружајте се со квалитетен шампон и регенератор за вашиот тип коса. Не заборавајте одвреме-навреме да ја израдувате вашата коса со маска и дополнителни третмани. Негуваната коса подолго време останува здрава, односно посетите кај фризерот ќе ги одложите за некоја друга прилика.

Доколку сакате да ја заштитите вашата коса од штетните хемикалии, тогаш време е да направете природни балсами за коса.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар