5 начини да го подобрите вашето психолошко здравје во најтешките моменти

5 начини да го подобрите вашето психолошко здравје во најтешките моменти

Кога сте под стрес и постојано изложени на секојдневните проблеми, лесно можете да ја изгубите контролата врз себе и да тргнете во погрешна насока. Но, постојат неколку начини на кои можете да го подобрите вашето психолошко здравје, а со тоа и да го направите вашиот живот многу поквалитетен. Погледнете ги следниве практики кои се поддржани од научни истражувања и кои имаат моќ да ви помогнат да се чувствувате многу подобро и психолошки поздраво.

5 начини да го подобрите вашето психолошко здравје во најтешките моменти

1. Изразете благодарност

Истражувањата јасно ни покажуваат дека изразувањето благодарност за оние нешта кои ги имате или пак, за тоа што некој друг го направил за вас, може да има многу позитивно влијание врз вашата ментална благосостојба. Благодарноста не само што ќе направи да се чувствувате подобро и пооптимистично, туку и ќе ви го зголеми чувството на емпатија. Од друга страна пак, и вашите блиски ќе се чувствуваат подобро кога ќе чујат дека вие го цените тоа што тие го прават за вас.

2. Смејте се

Многу често се вели дека насмевката е лек кој во истиот момент може да ви помогне да се почувствувате подобро. Насмевката може моментално да го зголеми нивото на вашата енергија, резултирајќи со намалување на стресот и подобро расположение.

3. Направете пауза

Одморањето од секојдневните грижи преку вежбање, читање книги, слушање музика, шопинг или викенд патување може многу лесно да ви помогне да го елиминирате стресот. Клучниот елемент се наоѓа во вистинската пауза од секојдневието, така што ќе ја промените средината која постојано ве опкружува. Доколку само седите дома и размислувате за нештата кои треба да ги завршите, вие всушност не правите пауза, туку дополнително го зголемувате вашиот стрес.

4. Посетете личност на која сте ѝ потребни

Бидете поддршка за вашите пријатели и општо, за личностите кои ги сметате за најблиски и сакате секогаш да се чувствуваат добро. Не само што на овој начин и ним ќе им помогнете, туку и преку заедничкото дружење ќе го подобрите и вашето расположение, како и психолошката добросостојба.

5. Поминувајте квалитетно време со оние кои ви се најважни

Ништо не е толку корисно како квалитетно поминатото време со оние кои навистина ги сакате. Без разлика дали станува збор за романтична вечера со партнерот, прошетка со децата, потсетување на среќните моменти со семејството или дружењето со пријателите, овие интензивни и фокусирани интеракции ќе доведат до создавање позитивни моменти кои подоцна ќе ви помогнат многу полесно да ги пребродите тешките моменти.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар