5 моќни утрински навики кои ќе ви помогнат да ја загубите непосакуваната тежина
Секој вели дека појадокот е најважниот оброк во денот, но ова е само дел од вистината. Треба да се додаде и дневна доза мултивитамини за најголем ефект. Но она што никогаш не треба да го заборавите е дека утрото е најважниот дел од денот. Со правилната утринска рутина, можете да подобрите сè, од вашето расположение до вашиот метаболизам (кој има голема улога во губењето на килограмите). Кога правилно ќе го започнете денот, не само што ќе успеете да ги изгубите непосакуваните килограми, туку ќе блескате со природна енергија. Ќе бидете мотивирани и подготвени да ја срушите секоја препрека со која ќе се соочите во текот на денот. Па, како правилно да го започнете утрото?
1. Изложете се на сонце
Според една студија, сончевата светлина е еден од главните извори на витаминот Д. Овој витамин ви помага да бидете емоционално стабилни, ви ја подобрува функцијата на органите, а топлината од зраците ви го крева духот. Но, како помага во губењето на тежината? Па, ако во вашиот распоред наутро додадете впивање сончеви зраци, ќе почнете да се чувствувате поенергично, помотивирано и поздраво (сето тоа благодарение на витаминот Д и хормоналните промени од изложувањето на сонце).
Оваа навика ќе ви ја даде потребната енергија да се држите до вашите цели за здравјето, да одите во теретана, или пак да зготвите некој здрав оброк. Многу е полесно да се држите до вашата цел кога се чувствувате мотивирано и енергично. Ако постојано излегувате на сонце наутро, ќе создадете утринска навика. Штом ќе ја создадете оваа навика, ќе ви биде многу полесно да се будите наутро. Поентата е дека луѓето кои се будат рано и кои појадуваат рано, лесно го активираат нивниот метаболизам.
Утринското сонце исто така содржи повисоко ниво на сина светлина, која помага да се нормализира вашиот деноноќен ритам. Кога овој ритам функционира правилно, ќе спиете многу подобро и ќе имате многу повеќе енергија во текот на денот. Сонот ни е потребен за нашите органи, метаболизам и други важни телесни функции да работат правилно. И погодете што? Потребни ви се само 20 до 30 минути изложување на сонце наутро. Ако го комбинирате со некоја друга активност, многу лесно ќе можете да го вметнете во вашиот зафатен утрински распоред.
2. Зголемете го внесувањето протеини
Ако најчесто пиете прво кафе или целосно го прескокнувате појадокот, испуштате огромна можност да го „наполните“ вашето тело со она што му е потребно, и да го одложите вашиот глад доволно долго за да донесувате правилни одлуки за ручек. Зголемената количина протеини гради мускулна маса и ве држи сити подолго.
Вашето тело пости секоја вечер кога спиете, па доколку го држите полно со протеини, тоа може да ви помогне со шеќерот во крвта. Вашиот внес на калории ќе се намали бидејќи нема да чувствувате потреба од грицки наутро. Со полн стомак ќе ви биде полесно да донесувате паметни одлуки за ручек бидејќи тој нема да „плаче“ за храна цело утро.
3. Разгалете се
Ако знаете дека ќе сакате да каснете парче пица во текот на денот, или пак ќе сакате едно парче торта, послужете се наутро. Ова му дава време на вашето тело да го преработи, наместо да ви стои во стомакот преку ноќ или откако ќе решите да седнете дома – со тоа претворајќи го во масни наслаги.
Ако сакате да се занесувате, направете го тоа рано наутро кога имате цел ден за согорување калории. Иако ова не е најдоброто сценарио за губење килограми, „мамењето“ со слатки рано наутро му помага на телото да не ги складира како масни наслаги толку брзо и му дава шанса да потроши дел од вишокот енергија пред да си легнете таа вечер.
4. Туширање со ладна вода
Знаеме, знаеме, туширањето со ладна вода е мизерно. Секој од нас сака туширање со топла вода, навечер пред спиење или наутро за бавно да се расониме. Но студиите покажале дека туширањето со ладна вода наутро може да помогне во зголемувањето на енергијата, работата на метаболизмот, како и да ги регулира вашите хормони! Исто така, кога вашето тело ќе се излади вие согорувате значителен број калории бидејќи тоа се обидува да ве стопли. Со ладното туширање, вашиот метаболизам ќе се активира со најголема брзина.
Туширањето со ладна вода е исто така одличен начин да го подготвите вашето тело за обилен појадок, што ќе го регулира шеќерот во вашата крв и ќе ви ја оттргне желбата за храна. Сепак, препорачано е неколку минути да се туширате со температура на водата која вам ви одговара, па потоа полека да ја ладите. Кога ќе стигнете до ладната вода, издржете 3 до 4 минути.
5. Џвакајте ја вашата храна
Исполнете го не само утрото, туку целиот ден со храна за која треба подолго време да се изеде. Кога јадете храна богата со хранливи влакна, ви треба значително повеќе напор за да ја изџвакате. Правејќи го ова, вие ја користите вашата вилица повеќе од обично, а ова согорува 5% повеќе калории во текот на денот. Природната храна како морковот, јаболката и кафеавиот ориз се богати со влакна кои го одржуваат здравјето на вашиот стомак и ви помагаат подолго да се чувствувате сити.
Јадењето храна богата со влакна помага и во намалувањето на калории додека го зголемува бројот на согорените. Овој пристап можеби нема да биде доволно за да ги симнете оние 10 килограми, но секој мал чекор се брои! Тоа што е уште поважно е дека јадењето природна храна го подобрува целиот режим на исхрана. Ќе ги добивате сите хранливи материи кои му се потребни на телото за напредување.
Ако успеете да следете некои од овие совети, само наутро, секој ден ќе се будите со потенка половина. Секако, не е брз метод за губење тежина, но е неопходно да се држите до него – што е многу поефективно отколку брзото губење килограми за потоа да ги вратите за кратко време. Дајте им шанса на овие навики во текот на следните 30 дена и тие ќе ви помогнат да ја изгубите несаканата тежина, ќе ви го подобрат расположението и ќе ве направат позадоволни од целокупниот изглед.
Но запомнете, ова се само совети и трикови. Секој човек е различен и доколку имате потреба, слободно променете нешто. Немојте да мислите дека мора да ги примените сите одеднаш. Она што е важно е дека штом ќе се одлучите да пробате нешто, да се држите до тоа. Резултатите нема да бидат видливи можеби и 3 до 4 недели, но дајте им шанса. Ако издржите, ќе бидете вчудовидени!
Прочитајте и за утринските навики што ви предизвикуваат вишок килограми!