5 модни пропорциски трикови според кои живеат познатите
Кога се спремаме наутро имаме тенденција да бараме облека која најдобро ѝ прилега на нашата силуета. А истото го прават и познатите. Без разлика дали сте обожавателки на стилот на Џиџи Хадид или на феминистичките мотиви на Блејк Лајвли, за вас издвоивме 5 совети благодарение на кои можете да ги модифицирате пропорциите на вашето тело и кои ќе ви овозможат неверојатен изглед.
1. Кроп топ + макси здолниште
Ако сакате визуелно да ги издолжите нозете тогаш носете макси здолниште. Но, од клучно значење е горното парче да биде кратко – одличен пример е кроп топот, затоа што ако носите нешто подолго од почетокот на сукњата, тоа само ќе ви ги скрати нозете.
2. Фустан во А-линија
Фустаните во А-линија го нагласуваат најтесниот дел од вашето тело – половината. Најлесниот начин да ги скриете несовршеностите, а да ја нагласите тенката половина е да носите ваков фустан. Плус, не ви е потребен голем труд за да изгледате магично.
3. Добар каиш
Издолжете ја силуетата така што на половината ќе додадете каиш. Ако сакате да изгледате уште послабо, каишот поставете го некаде под градите. Така ќе ги нагласите и градниот кош и половината.
4. Отворете го горниот дел од телото
Ако сакате да ги скриете колковите или другите проблематични делови во долната половина од телото, тогаш носете блуза или кошула со длабок V-израз која ќе го отвори вашето лице и ќе го привлече вниманието кон горниот дел од вашето тело.
5. Врзете џемпер, блуза или кошула на половината
Ако фустанот во А-линија ви е премногу, а сепак сакате да го нагласите струкот, тогаш врзете нешто околу него. Не мора тоа да биде каиш, може да биде некоја кошула со богат принт или парче кое има елементи за врзување.