5 модни комбинации за успешен премин од зима во пролет
Пред официјално да дојде пролетта, се соочуваме со период на променливо време кое не наликува ни на зима, а ниту пак на пролет. Ова се 5 интересни комбинации кои ќе ви бидат од помош да ја пополните празнината меѓу зимата и пролетта во вашиот гардеробер.
1. Црно-бела комбинација
Црно-белото никогаш не излегува од мода, па така и оваа пролет на модните писти не изостануваат црно-белите комбинации. Искомбинирајте црни хулахопки, црно-бело здолниште со интересен принт, обична бела или пак тексас кошула и црни чизмички до глужд. За да го „зачините“ изгледот, одберете сребрено ланче со впечатливи геометриски форми.
2. Дезен со темни цветови
Кошулите со цветен дезен се секогаш во тренд во пролетните колекции, но доколку основата е црна, автоматски сте послободни да ги носите и во поладните месеци. Искомбинирајте темна кошула со цветен дезен, темни тесни панталони, долг џемпер и впечатливо парче накит за да му додадете малку гламур на секојдневниот изглед.
3. Ладни пастелни бои
Пастелните бои ќе бидат наголемо застапени оваа пролет. Одберете свилена кошула и удобен, отворен џемпер. Искомбинирајте ги со тесни панталони во нијанса на вино или боровинка, цветна марама и рамни балетанки во светла и нежна боја. Овој изглед е контраст на жешко црвени нијанси и ладно сини, но сепак постигнува одличен ефект.
4. Металик – впечатливо
Започнете го изгледот со тесни фармерки, широка цветна кошула и сив долг џемпер. За впечатлив крај одберете златни металик балетанки и парче накит.
5. Геометриски принт
Одберете широки и удобни панталони со геометриски принт, ниски балетанки и широка темносива кошула. Торба за преку рамо и нежно ланче се одлични аксесоари за надополнување на овој изглед.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.