5 модни грешки што можат да уништат и беспрекорен стил
Модните грешки лесно се случуваат, дури и кај оние со најпрефинет и беспрекорен стил. Едноставно, поради превид или лоша проценка, наместо модерно и елегантно, може да се случи целосниот изглед да биде погрешен и без вкус. Поради тоа, издвојуваме 5 чести грешки кои можат сериозно да го уништат нашиот стил.
1. Погрешна должина на панталони
Дури и погрешно испеглан раб на панталоните може да го уништи целосниот изглед и да направи да изгледате смешно и неуредно. Кога избирате панталони, доколку се со прав крој, треба да завршуваат точно над глуждовите, додека пак пошироките ногавици треба да бидат подолги. Ако панталоните ви се предолги, однесете ги на кројач да ги скрати.
2. Погрешни чевли кои лошо се комбинираат со здолништата и панталоните
Основното правило гласи вака: Сите здолништа и фустани што се над колената, комбинирајте ги со рамни чевли, балетанки, патики или чизми. Кога должината на здолништето е под колената па надолу, облечете повисока потпетица. Слично е и со панталоните, подолгите ги комбинирате со висока потпетица, додека пократките може и со пониска или со рамни чевли.
3. Премногу модни додатоци
Можеби имате омилена јакна со везови и нитни, прекрасни ѓердани, обетки, украсени очила за сонце и чанта со прекрасен дезен, но сето тоа ставено на едно место, може едноставно да биде премногу. Одберете ги додатоците кои ќе придонесат да изгледате смирено и уредно.
4. Носење преширока облека
Широката и слоевита облека не е вистински избор доколку треба да се прикрие некој недостаток на телото, како што е вишокот килограми околу стомакот или колковите. Напротив, може да даде спротивен ефект. Изберете облека која ја следи линијата на вашата фигура и секогаш нагласувајте го струкот.
5. Погрешен градник
Секогаш кога носите погрешна корпа, премал или преголем број или материјал кој не ви одговара, тоа се покажува и на целокупниот изглед. Понекогаш е потребно многу време за да се пронајде идеалниот градник, но откако ќе го постигнете тоа, можеби веќе никогаш нема да го промените моделот кој ви одговара.
За сигурен избор, прочитајте кои 10 парчиња облека се секогаш се во мода.