5 модели на здолништа што ќе ги обожавате оваа пролет
Иако здолништата се носат во текот на целата година, вклучувајќи ја и зимата, кога станува збор за пролетта – тие се без сомнение најпосакуваното парче во женските гардеробери. Во овој топол период, тие на некој начин оживуваат. Имајќи го тоа на ум, пред нас доаѓа пролет во која нема премногу простор за суптилност и претеран минимализам, бидејќи некои од раните трендови кои веќе се забележуваат се неонски бои, впечатливи дезени и смели кроеви. Погледнете во продолжение кои здолништа ќе бидат најзабележувани на улиците кога температурите конечно ќе се зголемат.
1. Слип здолништа со животински дезен
View this post on Instagram
Овој модел на здолниште веќе некое време е популарен и покрај тоа што стои одлично, може да се комбинира на многу начини.
2. Здолниште на преклоп
View this post on Instagram
Како и фустаните на преклоп, така и овој модел на здолништа го истакнува само најдоброто на телото, давајќи ви доза сексапил и заводливост.
3. Неонско здолниште со миди должина
View this post on Instagram
Овој впечатлив тренд нема да им се допадне на сите, но оние што ќе бидат доволно храбри да го пробаат, гарантирано ќе поминат забележано.
4. Логоманија
View this post on Instagram
Овој тренд веќе се забележува во светот на модата, а како што се доближуваме до пролетта, така ќе биде поистакнат и при изборот на здолништа.
5. Карирани здолништа
View this post on Instagram
Карираните здолништа веќе неколку години цврсто се држат на врвот на сите тренд листи, а тоа продолжува и во оваа пролет со елегантни модели, одлични за секоја пригода.
Погледнете ги и овие 5 парчиња облека што ќе направат вашата половина да изгледа послабо.