5 модели на панталони што летово ќе бидат попопуларни од фустанчињата и здолништата
Голем број жени за време на летните месеци ги туркаат своите панталони во задниот дел од шкафот, но изгледа дека оваа година правилата се менуваат. Летните панталони овозможуваат голем број модни комбинации кои ќе ве разладуваат, но и ќе направат да се чувствувате удобно. Секако, треба да ги одберете оние материјали и модели кои ќе ѝ дозволат на вашата кожа да дише. Па, ако ви е потребна модна инспирација за комбинирање на летните панталони, одберете ја омилената во продолжение…
1. Панталони на линии
View this post on Instagram
Линиите се секогаш во тренд и многу лесно се комбинираат, додека истовремено се и омилениот летен модел со години. Па, ако сакате да играте на сигурно, ова е моделот за вас.
2. Тренерки од лесни материјали
View this post on Instagram
Да, дури и тренерките доживеале трансформација летово, па тие веќе не припаѓаат само на купчето облека за вежбање. Тие можат да се комбинираат со буквално сè во вашиот шкаф!
3. Бели панталони
View this post on Instagram
Понекогаш изгледа како белите модни парчиња да се резервирани само за летните денови. Па зарем има подобар начин да се изборите против летните горештини?
4. Ленени панталони
View this post on Instagram
Ленот повторно се враќа во мода, и тоа токму во топлите месеци од годината бидејќи е совршен избор кога температурите се многу високи.
5. Кратки панталони
View this post on Instagram
Секоја жена треба да има барем еден пар кратки панталони во нејзиниот шкаф. Тие изгледаат многу префинето елегантно и можат да се искомбинираат за сите прилики.
За девојките што се во чекор со модата: Најпопуларниот модел на фустан за ова лето!