5 модели на очила за сонце кои ќе бидат вистински хит летово
Очилата за сонце се главниот моден додаток во лето. Кога ќе избереме очила за сонце кои ни одговараат на обликот на лицето, а кои се во исто време модерни и необични, можеме инстантно да го подобриме летниот стил. Ова лето, во мода се враќаат неколку модели кои во минатото ги обожававме, но и стануваат модерни такви кои никогаш досега не биле во тренд.
1. Очила со мала рамка
Ако изминатите години се носеа големи очила за сонце, кои ги покриваат веѓите целосно, оваа година Ријана го донесе трендот на мали очила. Ваквиот модел се носеше во 90-тите, па можете да ги замолите вашите мајка или тетка да ги пронајдат очилата кои ги обожаваа во младоста и гордо да ги носите и денес.
2. Рамка во облик на срце
Досега ги носеа само поединци, но од оваа сезона овој модел станува хит помеѓу трендсетерките. Модниот бренд Сен Лорен веќе ги вклучи во својата најнова летна колекција на модни додатоци. Ова лето, не мора да сте Лејди Гага за да можете да си дозволите да експериментирате со похрабри избори на модните додатоци.
3. Очила во боја
Се сеќавате на времињата кога се носеа очила со различни бои на стаклата? Добра вест е што доколку сте обожавател на ваквите модели, ова лето ќе можете и да ги извадите од фиока вашите стари очила, но и да се подновите со нови. Изборот е навистина голем.
4. Ретро мачка
Уште еден од моделите кои некогаш интензивно се носеа. Неодоливо потсетуваат на мачка, а девојките кои ќе изберат ваков модел, во себе го носат духот на парискиот шик. И за овој модел важи да проверите дали можеби вашата мајка ги чува нејзините омилени очила за сонце. Така ќе добиете и ретро и модерен изглед во исто време.
5. Очила со необични детали
Ако сакате да привлечете повеќе внимание, одберете модели чија рамка е украсена со цветови, кристали или бисери. Бидете храбри и подгответе се да привлечете многу погледи. За да носите ваков модел, треба и по природа да сте личност која зрачи со самодоверба и на која не ѝ пречи премногу внимание.
Прочитајте и кои се најчестите грешки кои ги правиме при купување на очила за сонце.