5 модели на чизми со коишто ќе зачекориме во есента оваа година
Каква радост! Конечно пристигна сезоната на затворените чевли што подразбира две нешта! Прво, време е да се почестите со нов пар чизми. Второ, веќе не мора да трошите толку многу време и пари за педикир! Ако се спремате за шопинг, погледнете ги најновите трендови за оваа сезона. Откријте кои чизми ќе бидат најчесто забележувани на улиците и за кои дефинитивно нема да згрешите доколку решите да инвестирате во нив.
Класични чизми на врзување
View this post on Instagram
Тие потсетуваат на 90-тите, и се идеален контраст на романтичните и женствените комбинации кои сигурно ќе ги носите следниве неколку месеци.
Чизми со четвртеста пета
View this post on Instagram
Ако трагате по чевли кои ќе бидат главниот акцент на секоја облека, тогаш овој модел е совршен за вас. Овие чизми едноставно нема да поминат незабележани.
Животински принт
View this post on Instagram
Станува збор за чизми кои почнаа да владеат уште во текот на летните месеци, и ќе продолжат да се забележуваат дури и за време на постудените денови.
Чизми на платформа
View this post on Instagram
Ретро парчињата без сомнение се вратија на топ листите, а овој модел кој потсетува на 70-тите години ќе ви даде уникатна доза автентичност и впечатливост.
Чизми над колена
View this post on Instagram
Иако ниските чизми во моментов доминираат, сепак во вашата колекција треба да има место и за класичните високи чизми со потпетици кои никогаш не излегуваат од мода.
Погледнете го и овој тренд кој конечно ја турна моторџиската кожна јакна во сенка.