5 митови за започнувањето сопствен бизнис: Вие не ја поседувате компанијата, таа ве поседува вас

5 митови за започнувањето сопствен бизнис: Вие не ја поседувате компанијата, таа ве поседува вас

Питер Баскервил, сопственик на 30 различни компании, од специјализирани продавници до продавници за брза храна, откри некои од најголемите митови за поседувањето претпријатие, особено во раните фази на развојот на бизнисот.

5 митови за започнувањето сопствен бизнис: Вие не ја поседувате компанијата, таа ве поседува вас

Мит 1: Поседувањето претпријатие значи дека можете да работите кога сакате

Вие не ја поседувате компанијата, туку таа ве поседува вас. Ако правилото на компанијата е да им е достапна на потрошувачите 24/7, вие како сопственик треба да го почитувате тоа, дури и кога тоа значи дека мора да работите. Не е невообичаено луѓето што имаат свои компании да работат дури 80-100 часа неделно.

Мит 2: Ќе стекнете богатство ако имате своја компанија

Набљудувајќи ги цените што работодавците им ги наплаќаат на клиентите, многу вработени мислат дека тие заработуваат богатство. Меѓутоа, дури кога ќе започнат свој бизнис, го гледаат големиот број трошоци што треба да ги покријат со добиениот приход.

Мит 3: Ако имате своја компанија, тоа значи дека сте сам свој шеф и не мора да одговарате пред никого

На некој начин, ова е точно затоа што кога сте сопственик, навистина не сте одговорни пред вашиот шеф за вашите постапки, но сега треба да им одговарате на уште повеќе шефови, односно на клиентите, на вашите вработени, на партнерите, на добавувачите, па дури и на владините канцеларии.

Мит 4: Да поседувате компанија значи дека можете сами да си ја дефинирате платата

Она што е поважно од личните потреби и желби е опстанокот на компанијата. Поради тоа, ако работата го бара тоа од вас, ќе мора да се откажете од својот удел за да бидете сигурни дека компанијата може да ги плаќа своите сметки и да продолжи да напредува. Вашата плата доаѓа на ред откако ќе се исполнат сите деловни барања.

Мит 5: Компанијата ќе биде успешна од првиот ден

Многу мал број компании се профитабилни уште од првиот ден. На повеќето од нив им треба одреден период за да станат профитабилни, понекогаш тоа е период од 3 месеци до 3 години. Исто така, доколку сопственикот на компанијата нема доволно обртен капитал за да ги покрие настанатите загуби сè додека бизнисот не оствари профитабилност, тогаш ќе дојде до неуспех заради проблеми со ликвидноста.

Прочитајте зад кои фрази што ви ги кажуваат колегите на работа се крие пасивна агресија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар