5 митови за целулитот на кои треба веднаш да заборавите

5 митови за целулитот на кои треба веднаш да заборавите

Да, целулитот знае да биде навистина здодевен. Но, сепак постои фактот дека 90% од жените го имаат во некоја форма. И покрај тоа што не можете да преземете многу нешта за да се борите со него, треба да ги знаете позитивните и негативните страни, зошто тој се појави и дали можете да се ослободите од него.

5 митови за целулитот на кои треба веднаш да заборавите

Мит #1 – Само луѓето со прекумерна тежина имаат целулит

Не. Целулитот (маснотиите под кожата кои се појавуваат во вид на дупчиња бидејќи го туркаат сврзното ткиво) воопшто не гледа тежина. И покрај тоа што вишокот килограми можат да го направат полесно забележлив, врз целулитот најмногу влијае стареењето, генетиката, промените во тежината, па дури и оштетеноста од сонцето. И може да им се случи на жени од сите форми и големини.

Мит #2 – Со губењето на тежината ќе исчезне и целулитот

Бидејќи промените во тежината се клучен фактор за присуството на целулитот, губењето тежина всушност може да го нагласи неговото присуството, во зависност од начинот на кој ја губите. Диетите кои овозможуваат брзо губење тежина преку изгладување не се воопшто здрави, но исто така можат и да го направат целулитот поочигледен бидејќи овие големи промени за краток временски рок прават кожата да ја изгуби својата еластичност, предизвикувајќи поголемо внимание кон овие лоши дупчиња во неа.

Мит #3 – Кардио вежбите се најдобриот начин да се борите со целулитот

Најпрво, треба да знаете дека сите вежби можат да го затегнат ткивото под кожата со дупчиња. Но, тоа не може да се случи ако само трчате на лента. Вие би требало да почнете да кревате тегови со цел да ја измазните кожата на мускулно ниво. Од друга страна пак, кардио вежбите можат да ви помогнат најдобро да се справите со варијациите во тежината.

Мит #4 – Кремите за зацврстување на кожата се ослободуваат од целулитот

Извинете, но и покрај тоа што рекламите за овие креми делуваат многу убедувачко, не постои „лек“ кој би можел трајно да го намали целулитот. Одредени продукти, особено оние кои содржат ретинол, можат краткотрајно да ги маскираат малите дупчиња, но на долг рок, едноставно сè уште не постои крема која би можела да ви помогне да се справите со проблемот.

Мит #5 – Липосукцијата може да го направи помалку забележлив

Не само што е многу скапа и болна, липосукцијата всушност може да го направи целулитот полош, бидејќи правите неред во дистрибуцијата на маснотиите, што може да создаде дополнителни дупчиња каде што претходно немало. Држете се до вашата рутина во теретаната и едноставно помирете се со фактот дека одвреме-навреме целулитот им се случува на сите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар