5 мисли кои можеби се знак дека повеќе не сте вљубени во вашиот партнер
Иако можеби сакате да ги отстраните овие мисли, не можете да го сторите тоа. Она што ја натерало љубовта да си замине веќе се случило, и сега нема назад. Можеби ги препознавате знаците дека повеќе не сте вљубени, но никако не можете да си признаете дека тоа е вистина. Погледнете ги мислите кои најчесто ги имаат луѓето кои повеќе не се вљубени во нивниот партнер.
1. „Се надевам дека нема да дојде кај моите родители“
Кога не сте повеќе вљубени, се чувствувате како да ви е потребен повеќе простор од партнерот. Кога треба да одите некаде заедно вие се чувствувате загушено. А кога вашиот партнер очекува секаде да патувате заедно, вам ви станува навистина тешко. Ако долго време не сте го виделе партнерот и не ви недостига, па дури и ви е непријатно кога ќе добиете порака од него, тоа е знак дека повеќе не сте вљубени.
2. „Би требало да го сакам бидејќи тој ме сака мене“
Ако веќе не сте вљубени во партнерот, а тој очигледно сè уште има чувства за вас, сигурно се чувствувате виновно. Мора да најдете начин да се ослободите од таа обврска. Останувањето во врска поради должност само ќе ви наштети и на двајцата. Без разлика колку сакате да сте вљубени или колку и да ви е лесно да глумите вљубени, љубовта нема да се врати.
3. „Не сакам да бидам со него, но не сакам да го повредам“
Не мора да сте вљубени за да не сакате да повредите некого, тоа е човечката емпатија. И тоа не е добра причина да останете заедно. Кога ви е страв да повредите некого отворено, вие всушност го повредувате на многу суптилни начини. Можеби ќе се однесувате чудно и ќе започнувате расправии за сенешто со цел партнерот да ве остави. Должни сте да му кажете на како се чувствувате. И претераната заштита ги повредува другите.
4. „Го сакав“
Убавите чувства кои се минато, не се важни. Важно е како се чувствувате сега. Без разлика на вашата историја, вашите чувства нема да се променат. Доколку врската се држи само на моменти од минатото, разделбата ќе биде многу потешка и за двајцата. Само затоа што некогаш сте чувствувале љубов и страст, не значи дека тие чувства не можат да си заминат.
5. „Ништо не е. Веројатно е мојата желба за правење сцени“
Вистина е дека некои луѓе сакаат да прават сцени во врската. Доколку мислите дека вашите чувства се резултат на желбата за поголемо внимание, размислете како сте се однесувале во минатото. Дали навистина сакате да предизвикувате сцени? Дали караниците се за повеќе внимание или пак поради недостатокот на љубов?
Иако постои љубов која трае, нормално е чувствата да се намалат со текот на времето. Не можете да контролирате дали тоа ќе се случи кога ќе ја прекинете врската или додека сè уште сте заедно. Што и да се случи, најважно е да бидете искрени со вашиот партнер. Иако е тешко да ставите крај, ако не преземете ништо само ќе си наштетите себеси и на партнерот.
Погледнете и зошто понекогаш љубовта исчезнува.