5 места на кои можете да го сретнете оној вистинскиот
Ако сè уште не сте го пронашле вистинскиот, можеби не сте барале на вистинското место. Не велиме да паузирате со излегување во кафулињата и дискотеките, но за време на „денската шема“, свратете и на овие 5 места кои често ги забораваме како опција за среќавање добри сингл момци.
1. Супермаркет
Секако дека овде не станува збор за локалните продавничиња од каде што секојдневно купувате леб и млеко, туку за големите супермаркети. Можностите се тука огромни. Па следниот пат кога ќе отидете на пазарење во голем супермаркет, прошарајте наоколу со очите и видете дали ќе забележите некое згодно момче, а кога ќе го лоцирате, пријдете му и прашајте го дали знае каде се наоѓа одреден производ. Исто така, можете да го замолите да ви помогне нешто да ставите во количката. Ова се одлични начини за започнување комуникација. Најлошото што може да се случи е тој да одлучи да ве игнорира, но што ви е гајле, и онака не се познавате. Во секој случај, вреди да се ризикува.
2. Концерти
Музичката сцена во земјава и не е така лоша. Доаѓаат музички имиња од странство, се одржуваат квалитетни концерти од наши изведувачи, се организираат разни фестивали итн. Ова се одлични места за запознавање нови луѓе. Најдобро е да дојдете на настанот малку порано за да можете да разгледате наоколу и да ги забележите момците кои се дојдени сами. Потоа едноставно пријдете им и започнете разговор за музиката или за што било друго.
3. Теретана
Теретаната е одлично место каде што се собираат многу сингл момци. Иако звучи како клише, многу љубовни приказни се започнати токму на ова место. Ако забележите некој интересен тип, за почеток само воспоставете контакт со очи или пуштете му блага насмевка. Воопшто не би било чудно ниту да го замолите да ви помогне со некоја справа. Ако е заинтересиран, ќе ви возврати заводливо, ако не е, секогаш можете да најдете некој друг.
4. Книжарница
Ако сакате да читате и сакате да запознаете некој кој го дели вашиот интерес, редовно посетувајте ја вашата омилена книжарница и добро отворајте ги очите додека сте таму. Промоциите на книги се исто така соодветни настани кои можат да ве доближат до вашите сродни души. Сигурно ќе пронајдете барем една уметничка душа која би можела да ги задоволи вашите критериуми кога станува збор за изборот на момче.
5. Парк
Паркот е совршено место за истражување нови луѓе. Ако имате куче, поведете го и него, бидејќи може да ви помогне при воспоставувањето комуникација со потенцијалните кандидати. На тој начин можете да започнете разговор за вашето и неговото куче, за расите и сл. Никогаш не се знае каде еден обичен разговор може да ве однесе.