5 мали лаги кои родителите премногу често ги изговараат, а не би требало

5 мали лаги кои родителите премногу често ги изговараат, а не би требало

Понекогаш на родителите им е поедноставно да кажат мала лага отколку да им објаснуваат или да се расправаат со децата. Но, таквите лаги знаат незабележливо да станат и честа навика. Ви откриваме пет лаги кои родителите редовно им ги кажуваат на своите деца, а не би требало.

1-5-mali-lagi-koi-roditelite-premnogu-chesto-gi-izgovaraat-a-ne-bi-trebalo-www.kafepauza.mk_

1. Ти ветувам дека нема да те боли

Со оваа лага се послужил секој родител барем еднаш во животот, и тоа кога се оди на доктор. Врисокот и плачот се составен дел од вакцинирањето на детето, а за родителите да го смират, често се служат со оваа лага. Наместо тоа, обидете се да му објасните на вашето дете дека малку ќе заболи, но дека набрзо ќе биде готово и дека ќе заборави на тоа.

2. Паркот повеќе не работи

Секако дека паркот нема работно време, но нема потреба да му кажете на детето дека е затворен или дека во моментот нема никој таму. Наместо тоа, кажете му ја вистината. Објаснете му на детето дека моментално имате обврски и дека едноставно немате време да го однесете. Можеби ќе се жали, но ќе сфати дека не може секогаш да биде по негово.

3. Време е за спиење

Моментално е 19.30 часот, а времето за нивно легнување е после 20 часот. Оваа лага е многу краткотрајна, бидејќи децата ќе почнат да го сфаќаат поимот за време и ќе започнат да ви приговараат за оваа мала лага. Наместо тоа, изразете се поразлично. Кажете им дека е време за подготовка за во кревет и обидете се да ја правите оваа рутина секојдневно.

2-5-mali-lagi-koi-roditelite-premnogu-chesto-gi-izgovaraat-a-ne-bi-trebalo-www.kafepauza.mk_

4. Доаѓам за една минута

Сите ние го кажуваме ова, но ретко кој од нас навистина пристигнува за минута. Секако дека намерата на родителите е секогаш добра, но оваа лага е непотребна. Едноставно кажете им на децата што правите и кога ќе бидете готови со тоа, бидејќи постои шанса дека тоа ќе потрае подолго од минута.

5. Заминувам без тебе

Оваа лага воопшто нема смисла да ја изговарате, бидејќи неа може да ја откријат и малите деца. Обидите за ваквите закани ретко на кој родител му успеале. Наместо тоа, кажете му на детето дека доколку не тргне веднаш, подоцна нема да може да го гледа цртаниот филм или слично. Децата тогаш ќе ве послушаат, бидејќи вашиот збор има одредена тежина.

Дека родителите навистина им кажуваат мали лаги на своите деца, погледнете ги овие интересни невини лаги кои родителите им ги кажуваат на децата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар