5 луди работи кои се случуваат со вашето тело кога сте вљубени
Дали некогаш сте биле лудо вљубени? Ако одговорот е да, треба да знаете дека не сте единствените. А дали знаевте дека кога сте лудо вљубени, со вашето тело се случуваат навистина луди работи?
1. Се чувствувате релаксирано и возбудено во исто време
Кога сте вљубени многу е веројатно да се чувствувате возбудено покрај партнерот поради целиот адреналин. Но, може да се чувствувате и многу удобно и среќно. Или пак, сосема е возможно да ги чувствувате и двете работи истовремено.
2. Се чувствувате опседнати со партнерот
Ова е сосема нормално. Кога сте вљубени и кога гледате фотографија од партнерот, во вашиот мозок се активира делот кој е активен и кај зависниците од кокаин. Да, љубовта ве прави зависни. Но не само тоа, во почетната фаза на љубовта вашиот мозок произведува помалку серотонин. Ова е поради покаченото ниво на кортизол, хормонот за стрес. Поради ова може да имате опсесивни мисли за вашиот партнер.
3. Сакате постојано да се допирате
Кога сте во близина на љубениот и кога се гушкате или бакнувате, вашето тело испушта окситоцин. Овој „љубовен“ хормон прави да се чувствувате убаво и ве тера да сакате уште повеќе нежности.
4. Вашиот мозок се чувствува вознемирено
Љубовта може привремено да ја намали вашата когнитивна способност. Или со други зборови, љубовта прави да бидеме глупави, да кажуваме глупави работи и да се однесуваме глупаво. Па, ако се чувствувате чудно во близина на вашиот партнер, веројатно причината е заљубеноста и тоа што вашиот мозок не функционира 100%.
5. Не можете да престанете да го мирисате партнерот
Ви се допаѓа мирисот на партнерот поради составот на неговиот хистокомпатибилен комплекс, кој веројатно е различен од вашиот. Нашата природа нè тера да бараме партнери со различен хистокомпатибилен комплекс бидејќи тоа би создало дете со посилен имунитет, а тоа значи поголема шанса за преживување.
Телото дефинитивно прави некои чудни работи кога сме во близина на партнерот, и општо кога сме вљубени. Па, ако забележите дека стекнувате некои чудни навики, немојте да се грижите, вие сте само лудо вљубени.