5 лесни трикови брзо да се одморите од работата пред компјутер

5 лесни трикови брзо да се одморите од работата пред компјутер

Повеќето луѓе денес, поминуваат многу време пред гледајќи во екраните на своите компјутери и телефони, без оглед дали работат во канцеларија. Но, тоа седење знае да предизвика големи проблеми врз нашето физичко здравје. Ви нудиме 5 едноставни и лесни вежби со кои ќе се ослободите од стресот и заморот, акумулирани од работата пред компјутер.

1. Често пишувате пораки на телефон?

(1) 5 супер лесни трикови брзо да се одморите од работата пред компјутер
Доколку почувствувате болка во вашите прсти, особено во вашиот палец, поради тоа што постојано сте на вашиот телефон и пишувате пораки, постои еден едноставен трик. Оставете го телефонот настрана некое време. Потоа секој прст одделно, по 5 пати допрете го со палецот. 3 пати повторете ја оваа вежба со прстите на двете раце и ќе забележите значително подобрување.

2. Ве боли лакотот од многу селфиња?

(2) 5 супер лесни трикови брзо да се одморите од работата пред компјутер

Можеби звучи малку лудо, но лекарите веќе потврдија дека постои можност за развој на специфична болка на зглобот од раката со која редовно си правите селфи фотографии. За да се ослободите или да ја намалите таа болка, едноставно истегнете ја раката, соберете ја дланката во лесно стисната тупаница и движете ја раката нагоре-надолу. Повторете ја вежбата неколку пати во денот, секако се разбира во зависност од бројот на селфињата кои ги правите.

3. Вратот често ви се вкочанува?

(3) 5 супер лесни трикови брзо да се одморите од работата пред компјутер

Постојаното седење пред компјутер и недостатокот од движење, може да доведе до затегнатост на вратот и болка во тој дел од телото. Најдобар начин да се ослободите од тоа непријатно чувство е со вежбањето јога. Поставете ја вашата лева рака зад грбот, во висина на половината, а десната кренете ја над главата. Неколку пати земете длабок здив и повторете со менување на поставеноста на рацете. Дополнителен ефект ќе има доколку во тие мигови си замислите некој прекрасен остров.

4. Чувствувате затегнатост во вашите рамена?

(4) 5 супер лесни трикови брзо да се одморите од работата пред компјутер

Секогаш кога работите и кога пред вас на екранот се појавува некоја непријатна порака или имејл, тоа предизвикува голем стрес во вас, а вашите рамена автоматски се поткреваат нагоре и се грчат. За да ги ослободите од болката, земете длабок здив и кренете ги нагоре, како да се обидувате со нив да ги допрете ушите. Држете ги во таа положба неколку секунди, а потоа одеднаш пуштете ги да паднат надолу.

5. Ви се заматува погледот?

(5) 5 супер лесни трикови брзо да се одморите од работата пред компјутер

Очите се еден од најранливите органи кога станува збор за работата пред компјутер и постојаното гледање во светлите екрани и ситните букви. За да ги одморите, постои еден едноставен начин, кој секој може редовно да го практикува: Трепкајте. Можеби мислите дека ви е потребна посебна концентрација за оваа вежба, но сè што треба да направите е да ги отворате и затворате вашите очи. Исто така постои уште еден многу ефектен начин – правилото 20-20-20. На секои 20 минути, паузирајте со работата и буквално 20 секунди зјапајте во една точка што е оддалечена од вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар