5 лесни начини да одвоите повеќе време за читање
Ако одлучивте оваа година да читате повеќе книги, тогаш треба да барате начини како да одвоите време од денот за тоа. Бидејќи модерниот живот се поврзува со сѐ повеќе обврски, а сѐ помалку слободно време, луѓето потешко успеваат да пронајдат моменти посветени на самите себе. Но, секогаш постои простор за менување на одредени навики и внесување на читањето како ваша секојдневна навика. Погледнете ги овие пет трикови кои ќе ве натераат повторно да го погледнете вашиот дневен распоред, а притоа да не можете да го прескокнете читањето.
1. Користете го вашето слободно време
Седнете на крајот од денот и размислете за она што сте го оствариле. Можеби ќе одвоите повеќе обврски кои сте ги оствариле, а можеби пак ќе сфатите дека времето не сте го искористиле многу продуктивно, па затоа еден куп од тие обврски ви се префрлиле за наредниот ден. Зошто да не го искористите својот полн потенцијал? Дали додека патувате со автобус кон вашето работно место само седите и ги слушате останатите патници? Дали за време на ручекот неуморно вртите по социјалните мрежи? Дали гледате стари емисии на телевизорот пред да заспиете? Зошто тогаш да го трошите своето време на нешто непродуктивно? Наместо тоа, земете некоја книга и почнете да читате, а наскоро тоа ќе ви стане навика, па ќе сфатите дека навистина сте имале време за читање, само доколку знаете како да го направите вашиот дневен распоред.
2. Создајте си свој простор за читање
Психолозите препорачуваат користење различни простори за различен дел од денот. Сакате да ја завршите својата работа? Одвојте си маса специјално за таа намена. Сакате добро да се одморите? Имајте кревет кој ќе го користите само навечер, а не и додека одморате од стресната работа. Ако имате посебно наменет простор за работа и за спиење, зошто да немате и за читање? Доколку имате можности, инвестирајте во фотелја за читање каде што ќе се чувствувате удобно.
3. Бидете одговорни пред другите
Читајте една книга неделно со вашиот пријател, а потоа закажете состанок за да дискутирате околу неа. Наместо да гледате телевизија, направете план со вашиот партнер за да читате еден час пред да си легнете. Бележете сѐ што ќе прочитате во вашиот лаптоп или дневник, а пак колку повеќе луѓе знаат за вашето читање, толку повеќе вие ќе чувствувате одговорности кон другите и поверојатно е да се држите до вашата цел.
4. Симнете апликација која ќе го следи вашето читање
Веб-сајтовите и апликациите како Goodreads се одлични за следење на вашиот напредок за читање на неделно, месечно или годишно ниво. Исто така постојат и подетални апликации кои ви дозволуваат да ги бележите и малите работи, а можете да имате и статистички преглед за вкупното време на читање, вкупно прочитаните страници, брзината на читање, времето кое сте го поминале читајќи и слично.
5. Закажувајте си состанок со вашите книги
Направете го читањето повозбудливо така што ќе испланирате состанок со вашата книга. Така, можете да излезете на прошетка и со себе да понесете и книга, а исто така можете да отидете и во некое кафуле или читална и да уживате. Доколку се наоѓате во атмосфера со книги, секогаш повеќе ќе ја разгорувате својата љубов кон нив и ќе се инспирирате повеќе да читате.
Доколку сте љубители на книги и сакате да бидете креативни, погледнете ги овие интересни и необични начини да ги организирате истите во вашиот дом.