5 лесни бјути трикови кои ќе направат во истиот момент да се почувствувате подобро
Повторно се чувствувате лошо поради којзнае која причина? Можеби поради времето, можеби поради некои сериозни проблеми, но без разлика што е во прашање, ние знаеме што може да ви помогне. Боите! Познато е нивното позитивно дејство врз нашето расположение, а уште кога ќе се вклопат со нашите рутини за убавина – ѝ нема крај на нашата среќа.
1. Црвено – за комплименти!
Докажано е дека кога носите црвен кармин или што било црвено, автоматски изгледате, но и се чувствувате поатрактивно, посамоуверено и заводнички. Оваа промена нема да остане незабележана, односно комплиментите само ќе надоаѓаат. Еве ви одличен начин да ја зголемите вашата самодоверба!
2. Сино – за опуштање!
Стресот исчезнува заедно со сината боја. Не верувате? Само замислите сино небо или море! Веќе ви се појави насмевка на лицето и се чувствувате подобро, зар не? Затоа, за да бидете попуштени и конечно да ја победите анксиозноста, налакирајте ги вашите нокти во сина боја и секој поглед кон нив ќе направи чуда за вашето расположение.
3. Жолто – за среќа!
Има некоја тајна врска помеѓу жолтата боја и чувството на среќа! Што може да направите за да бидете опкружени со жолта боја, односно да бидете посреќни? Маникирот повторно доаѓа предвид, но и занимливата четка за заби или чешел, ќе создадат добро расположение уште од рано наутро!
4. Розово – за смиреност!
Исто како и сината, така и розовата боја смирува и опушта. Кога сте лути, само концентрирајте се на нешто розово и ќе почувствувате подобрување на расположението. Затоа, розовиот кармин или розовото руменило се одличен избор за секојдневието.
5. Зелено – за креативност!
Потребна ви е мала инспирација? Се чувствувате како креативноста да ве напуштила? Не грижете се! Зелената боја може да ви помогне повторно да бидете она што сте, па затоа понесете зелен лак за нокти, зелена сенка за очи, па дури и зелен кармин доколку сте доволно смели!