5 лекции за компатибилноста во врските на кои може да ве научи вашиот мобилен телефон
Покрај неговата употребливост и ефикасност во функциите што ги овозможува, од него можат да се научат уште некои работи. Компатибилноста е главна компонента на една значајна и успешна врска. Па, како може да се препознае компатибилноста? Во следниов текст нема да погледнеме подалеку од мобилниот телефон за да ви претставиме една аналогна илустрација која е сумирана во пет лекции. Напомена: Ова е „модерен“ начин на аналогно прикажување.
1. Треба да работи и „надвор од кутијата“
Во денешно време, постои компетиција на пазарот за смартфони, а за многу корисници важна е способноста на уредот да биде веднаш подготвен за употреба одма после приклучувањето. Нема ништо што фрустрира повеќе од преубаво дизајниран уред, негово отворање, отстранување на заштитната фолија и чекање за да почне да симнува и да инсталира ажурирања за да би можел да почне со работа. Не се работи за тренирање на трпението, но првото искуство со телефонот треба да биде лесно и примамливо.
Истото е и со новата врска. Почетната средба и првиот состанок треба да одат како „подмачкани“ и да бидат пријатни. Разговорот треба да тече слободно без прекинувања и препреки. Дури и кога е присутна мала непријатност, треба да постои заедничка желба за да се создаде средина која ќе овозможи пријатно искуство. Ако првите неколку состаноци ве прават фрустрирани и збунети, тогаш имате проблем со компатибилноста која можеби нема да можете да ја поправите со трпение и истрајност.
2. Вградениот софтвер и додатоците треба да работат беспрекорно
Го вклучивте уредот и работите изгледаат добро. Сега е време да се спои уредот со сите додатоци или да се симне софтверот кој е обезбеден од производителот за да се засили искуството на корисникот. Земете го во предвид нивото на иритација што ја чувствувате кога вашите напори се соочени со пораки кои укажуваат на грешка и ви велат да се обидете подоцна повторно. Се прашувате како може ова да не работи?
Искреноста, квалитетното време и способноста се како додатоци на една врска. Ако зборовите на вашиот партнер и неговите постапки се дијаметрално спротивни или слободното време изгледа како луксуз што се искористува штедливо тогаш постојат пречки во компатибилноста кои најверојатно нема да се решат сами од себе. Убавината на новите врски е тоа дека двајцата можете да уживате во слободното правење распоред за да поминувате повеќе време заедно и тоа да ви биде приоритет.
Ако некој не е во можност или не сака да создава можности за да ве види или зборува со вас тогаш треба да прифатите дека не сте негов приоритет и најверојатно никогаш нема ни да бидете.
3. Не би требало да има потреба од фабричко ресетирање
Уживате во вашиот нов смартфон и во сите негови забавни карактеристики и одеднаш замрзнува. Го држите копчето, му правите „рестарт“ и повторно почнува да работи совршено сè додека не се случи истото. Потоа пробувате и со фабричко ресетирање, па постојано го исклучувате и го вклучувате за да може да работи правилно. На некој начин, вие сте во искушение да се откажете од вашите лични податоци за да би можеле да го доведете во состојба како да е нов.
Сите кратки прекини во врската што се чини дека го продолжуваат нејзиното траење всушност имаат свој рок на траење. После секој прекин кога ќе си ветите дека е засекогаш, шансата за помирување е присутна. Носталгијата и добро познатото камуфлирање на конфликтите кои го иницирале прекинувањето и наградата доколку се обидете повторно се кратки моменти на блаженство проследени со потсетување зошто врската била завршена. Овие „фабрички ресетирања“ најверојатно ќе ја поттикнат желбата да се вратите на фабричките функции – да бидете целосно слободни.
4. Не би требало да има барање за „решенија од трето лице“
Иновативноста и креативноста започнаа целосно натпреварувачки битки помеѓу потрошувачите и производителите на смартфони. Секоја компанија се натпреварува не само со корисникот туку со сопствените права на новиот софтвер и хардвер кој ветува дека ќе креира уникатно искуство за да би можел да се купи од одреден бренд. Овој обид за да се зачува креативноста создаде нов пазар за хакерите кои ветуваат поправки за некомпатибилноста. Проблемот е што решението од третото лице е ретко такво какво што е ветено. Честопати градењето софтвер создава повеќе проблеми од оној што бил планиран да го поправи.
Врската би требало да биде создадена, конструирана и одржувана само од две лица. Онаа која дозволува константно вмешување на пријателите и фамилијата најверојатно нема да има долг рок. Нивното повремено инволвирање со надеж дека врската ќе успее е само „фластер“ кој ги покрива недостатоците.
5. Ажурирањата не би требало да го менуваат искуството на корисникот
Го користите новиот смартфон со месеци и дури сега откривте нови опции и соодветно ниво на вештини што го прават есенцијална компонента од вашиот животен стил. Одеднаш ви стигнува порака на вашиот екран за да ви најави нови софтверски ажурирања кои нудат нови карактеристики и поправање на дефекти кои претходно не сте ги забележувале. Со колебање ги прифаќате овие предлози за симнување и инсталирате нов софтвер надевајќи се дека нема да има никакви проблеми.
Инсталирањето е готово, го вклучувате телефонот и гледате дека сè се променило. Вашите апликации не се таму каде што сте ги поставиле, а вашиот екран изгледа непознат како случајно да сте зеле туѓ телефон. Што е полошо, апликациите кои ги употребувавте секојдневно не работат како претходно. Некои од нив бараат повторно внесување на податоци со сосема нови шифри. Пребарувате на Интернет да проверите дали и други корисници ја искусиле оваа агонија.
Работите се менуваат во животот и тие промени носат со себе нови искуства, барања и можности. Успехот на врската не би требало да се одржува беспомошно за да резултира со неопходни животни промени. Нова работа, нова шанса, промена на животниот стил или новите одговорности не треба да го уништат континуитетот. Мора да постои силна основа која ќе овозможи регулирање на сите промени. Обидите за врската да се промени на подобро не смеат да бидат проследени со несовладливи пречки. Доколку таа не може да ги поднесе периодичните „ажурирања“ тогаш најверојатно постои некомпатибилност која била игнорирана.
Аналогијата се користи за да би можела да се создаде живописна слика на некоја идеја или концепт. Не може целосно да се направи споредбата, но главната идеја е изнесена. За да бидат успешни, врските бараат постојано одржување и труд. Компатибилноста дава сигурност дека направен е вистинскиот избор.
Дали се согласувате со лекциите на кои можат да ве научат телефоните? Во колку од нив можете да најдете сличности со некоја ваша врска?
Погледнете ги и овие 10 работи за кои никогаш не треба да се извинувате во врската.