5 лекции што силните жени ги совладуваат пред да почнат со сериозна љубовна врска

5 лекции што силните жени ги совладуваат пред да почнат со сериозна љубовна врска

Лесно е да се изгубите себеси и да заборавите кои сте во врската. Вие вложувате толку многу време во вашиот партнер, што ако не внимавате, порано или подоцна вашиот идентитет како индивидуа ќе почне да се меша со неговиот. За да не дозволите ова да се случи и притоа да ја уништи вашата љубов, погледнете ги следниве лекции што секоја од вас треба да ги совлада пред да почне со нова љубовна врска…

5 лекции што силните жени ги совладуваат пред да почнат со сериозна љубовна врска

1. Никој не е одговорен за вашата среќа освен самите вие

Партнерот може да придонесе да бидете посреќни, но тоа не е негова работа. Сè почнува од вас – ако вие чувствувате среќа самите со себе, тогаш тој може да ве направи само посреќни. Ако сте несреќни, тој нема да може да ја поттикне спротивната емоција во вас бидејќи ако самите не можете, како очекувате некој друг да го стори тоа? Наместо да барате партнер што ќе ви ја пополни дупката, најпрво подобрете ја врската со себе, а потоа почнувајте нешто со некој друг.

2. Никогаш не толерирајте некој што не се однесува кон вас со почит

Не дозволувајте да бидете повредени емоционално, ментално или физички. Вие никому не должите ништо и нема поента да трпите лошо однесување само за да задржите личност што реално не е добра за вас. Тој треба кон вас да се однесува со љубов и добрина и ништо помалку од тоа не треба да биде прифатено.

3. Не се задржувајте покрај некој што не ја гледа вашата вредност

Ако тој не сфаќа колку е среќен што ве има, тогаш не вреди за вашите време и труд. Вие го заслужувате само најдоброто, па не се задоволувајте со партнер што е помалку од тоа. Најважно од сè е тој да ве цени, но и вие да го цените него. Не трошете ја вашата енергија за некој што не го разбира тоа.

4. Никогаш не се менувајте за некој друг

Освен ако промената не е на подобро! Но ако станува збор за промена на верувања, вредности, размислување, изглед и слично, само за да ги задоволите неговите желби, тогаш правите голема грешка. Ова е најлесниот начин да се изгубите себеси во врската. Ако тој не може да ве прифати онакви какви што сте, без да ставате маски на лицето кога сте крај него, тогаш очигледно не е правиот избор за вас.

5. Вие сте си доволно!

И никогаш не дозволувајте некој да ве убеди во спротивното!

Прочитајте и зошто силните жени остануваат во лоши љубовни врски.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар