5 лаги што си ги кажувате по раскинувањето поради кои останувате со скршено срце

5 лаги што си ги кажувате по раскинувањето поради кои останувате со скршено срце

Навистина е тешко да преболите раскинување, но тоа не значи дека е невозможно. Сепак, милиони луѓе го прават тоа секојдневно, а голема е веројатноста да ви се случило и вам. Кога ќе сфатите неколку вистини, ќе си го олесните целиот процес на преболување.

5 лаги што си ги кажувате по раскинувањето поради кои останувате со скршено срце

Многу често по раскинувањето луѓето страдаат, се сожалуваат и се чувствуваат беспомошно и безнадежно. Причината за ова се неколку верувања на кои им дозволуваат да ги водат. Но кога ќе ги промените овие верувања, ќе можете да го промените и начинот на којшто се чувствувате. Па, погледнете за кои станува збор.

1. „Нема да можам да чекам толку долго за повторно да најдам толку добар партнер“

Површински, ова верување изгледа како преувеличување. Сигурно не сте чекале многу долго за да ја најдете првата љубов во вашиот живот. Всушност, ви било потребно подолго време за да созреете емоционално и да бидете подготвени за врска, а сега кога сте го направиле тоа нема причина да чекате. Новата врска ќе ви биде подобра и многу полесна бидејќи веќе ќе знаете што сакате и што очекувате од вашиот партнер.

2. „Бившиот сигурно не ме сакал и оваа врска не му значела ништо“

Друго често верување кај луѓето кои се соочени со раскинување е тоа дека целата врска била една голема лага. Но запрашајте се, доколку бившиот не чувствувал ништо кон вас, дали би биле заедно толку долго? Навистина ретко се случува врските да завршат бидејќи не постоела љубов помеѓу партнерите. Најчесто причините за раскинување се различни базични верувања или недостаток од добра комуникација. Ако сепак бившиот не чувствувал ништо кон вас и врската не му значела ништо, тоа е негова загуба. Важно е да знаете дека вам ви значела нешто и не сте го губеле времето залудно.

3. „Имавме совршена врска“

Ако врската била совршена, сè уште ќе сте биле заедно и немало да барате начин да го преболите бившиот. Всушност, врската сигурно била далеку од совршена, но сега кога ја немате се сеќавате само на убавите моменти од неа. Воглавно, не ја гледате целата слика, туку само она што ви причинувало задоволство. Важно е да сфатите дека ако врската завршила, требало да се случи тоа. Ако едниот од партнерите е доволно мизерен за да посака да стави крај, со раскинувањето им прави услуга и на двајцата.

4. „Ова е најлошото нешто што ми се има случено“

Друго верување што е многу често е дека не сте искусиле нешто олку ужасно. Тоа е сосема разбирливо бидејќи раскинувањата се навистина болни. Но што ако болката, беспомошноста и безнадежноста што ги чувствувате се всушност алатки што можат да ви помогнат? Што ако со нив можете да ја развиете љубовта кон себе и да се фокусирате на вашиот развој? Замислете си, „најлошото“ нешто што ви се случило, може да се претвори во најдоброто. На овој начин ќе си покажете сочувство, ќе почувствувате поголема љубопитност за животот и ќе го гледате бившиот партнер како личност којашто само ви помогнала да созреете.

5. „Бесцелно е повторно да љубам“

Многу луѓе сакаат целосно да се откажат од љубовта по болното раскинување. Но ова може да биде моментот во вашиот живот кога сè ќе почне да се менува на подобро. Ова е момент во вашиот живот кога имате можност повторно да се пронајдете себеси. Можеби ова раскинување е огледалото што конечно ќе ви открие кој дел од вас треба да созрее. Вистината е дека доколку сакате да љубите, мора постојано да ризикувате. Со текот на времето ќе сфатите дека не можете да ја избегнете болката, туку дека таа е потсетник дека сте живи и дека можете да чувствувате длабоко.

После секоја бура има виножито. Неуспешната врска ќе ви помогне да созреете, да се фокусирате на себе и да станете подобар партнер во иднина. Можеби не можете самите да се справите со ова, но секогаш можете да побарате помош од пријателите, семејството, па дури и професионалец.

Доколку сепак сте убедени дека никогаш нема да се чувствувате подобро, погледнете кои се работите коишто луѓето ги откриваат после тешко раскинување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар