5 корисни совети кои ќе ви помогнат да ја намалите желбата за јадење слатки работи

5 корисни совети кои ќе ви помогнат да ја намалите желбата за јадење слатки работи

Најчестата причина поради која имаме зголемена желба за внесување благи работи е тоа што нашиот инсулин се навикнал на висока концентрација шеќер во крвта, при што и тој е висок, па кога не внесуваме благо тој паѓа ниско и нашиот организам бара шеќер. Тогаш се чувствуваме уморно, ни се врти во главата, немаме сила и енергија.

Еве неколку совети коишто ќе ви помогнат да ја совладате преголемата желба за слатки работи, а притоа да се чувствувате добро, здраво и полни со енергија.

1. Зголемете го консумирањето протеини. Често, на нашиот организам му фалат протеини, а ние тоа го чувствуваме како да ни фали шеќер, па на тој начин не го решаваме проблемот. Потрудете се во секојдневните оброци да внесувате повеќе протеини (јајца, туна и слично).

2. Тргнете ги сите слатки од куќата. Многу е важно да ги тргнете сите слатки работи и да не ги држите во секоја фиока во вашата куќа. На овој начин ќе го спречете јадењето од досада, што се случува многу често. Така, кога ќе се случи да имате јака желба за внесување благо, слатките нема да ви бидат при рака и ќе мора да внесете нешто здраво, како на пример овошје.

3. Јадете често и по мали оброци. Избегнувајте да прегладнувате, затоа што на тој начин инсулинот ви паѓа и го создава она опасно чувство коешто може да ве доведе до прејадување со слатки работи.

4. Отстранете ги вештачките засладувачи. Сахаринот само ни создава поголема желба за благо.

5. Одвикнете се од слатки. Одеднаш прекинете го консумирањето слатки на неколку денови. Инсулинот се навикнал на многу шеќер и затоа реагира кога нема да внесеме нешто благо, правејќи нè зависни од шеќер. Ќе биде тешко три до четири дена додека инсулинот не се навикне на ниската доза шеќер, а потоа ќе ви биде многу полесно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар