5 контраинтуитивни начини да успеете на работното место
Постои општоприфатено верување дека успешните луѓе се енергични, интелигентни, полни со енергија, работливи, вредни и фокусирани. Сепак, многу од ваквите успешни луѓе им пркосат на овие стереотипи и на крајот на денот се гласни и нападни и побрзо ќе се продадат себеси и својот живот за да ја спасат својата кариера и работа, отколку да ги стават нивните примарни желби и посакувања на прво место.
Следуваат 5-те контраинтуитивни начини како да успеете на работното место, без да станете жртва на сопствената кариера:
1. Работете помалку
Не е сѐ во работата со која моментално се занимавате. Немојте да бидете едни од оние луѓе кои работат 16 часа дневно за недоволен надомест и немаат време за себе, или уште полошо, немаат време да учат нови вештини и понатаму да се градат себеси. Обидете се да ја завршите работата во 5-8 часа во денот, да не работите преку викендот и да не се форсирате. Временското ограничување ќе ви помогне да направите подобри одлуки за тоа како да го користите своето време. Научете кои работи треба да ви бидат приоритетни.
2. Бидете скромни
Добрите лидери се познати како егоцентрични визионери кои се постојано во движење и газат сѐ пред себе. Сепак, тоа не е така бидејќи лидерите од модерното време се луѓе кои постојано водат евиденција за вредноста на својата компанија и се залагаат за хуманоста и човековите права. Важно им е сите вработени да бидат задоволни и да не работат под никаков притисок. Скромноста не значи дека треба да се снижите себеси, туку да ги гледате работите реално. Спуштете го егото и дозволете му на успехот да расте.
3. Развивајте емпатија
Најпознатите лидери на денешницата секогаш бараат една работа од оние кои аплицираат во нивните компании: емпатија. Успешните продавачи многу добро ги разбираат и ги проценуваат своите купувачи, па затоа знаат како правилно да им пријдат. Следејќи ги и поврзувајќи се со луѓето ќе научите подобро да ги разбирате и расудувате различните карактери и ќе знаете како правилно да реагирате во даден момент. Тоа ќе воведе големи промени во вашите унапредувања.
4. Ставете ги вежбите пред кариерата
Вежбањето и медитацијата го чистат умот и помагаат да ги разбистрите мислите. Исто така, ја зголемуваат самодовербата и го разубавуваат вашето мислење за себе. Кога сте одлични во една сфера на животот тоа ќе се пренесе и на останатите. Водете сметка за своето тело и ќе можете сѐ, бидејќи без здравје нема да можете ни да работите, ни да вложувате колку што сакате.
5. Видете великодушни
Законите за постигнување успех во работата се:
- Вредност: Од професионален аспект, вие повеќе вредите кога давате, отколку кога добивате.
- Компензација: Платата зависи од тоа колку луѓе услужувате и колку добро.
- Влијание: Вашето влијание расте сразмерно со тоа колку сте во состојба да ги ставите потребите на другите пред вашите.
- Автентичност: Кога е работата во прашање, не постојат големи победи кога нема страст. Успешните го работат само она кое го посакуваат.
- Приемчивост: Ако не знаете како да го примите она што другите ви го кажуваат, нема ни да знаете како да му дадете значење.