5 клучни разлики помеѓу сродна душа и животен партнер
Постојат многу погрешни сфаќања за значењето на сродната душа, како и за тоа на животниот партнер. Сродната душа е личност која доаѓа во вашиот живот за да ве научи, збогати, да ве турка напред и да ви помогне да станете многу посвесни за своето постоење. Животниот партнер е придружник на кој му верувате и од кој зависите во текот на вашиот живот. Во продолжение следуваат клучните разлики помеѓу сродната душа и животниот партнер…
1. Сродната душа ви помага да ги научите големите животни лекции
Сродните души можат да влезат во вашиот живот како пријатели, членови од семејството или љубовници. Тие ја пополнуваат страста и желбата која треба да биде научена. Откако задачата или насочувањето ќе биде завршено, вашата сродна душа најчесто си заминува, оставајќи голема болка зад себе.
Животниот партнер има слични интереси во вашиот живот. Оваа личност може да биде вашиот најголем фан или столб на сила и поддршка, помагајќи ви да преземате повеќе ризици. За разлика од сродната душа, животниот партнер останува во ваша близина, без разлика на пречките и предизвиците кои следуваат.
2. Постои огромна разлика во поврзаноста на душите
Сродните души имаат длабока поврзаност помеѓу срцето и свесноста. Тие удираат во егото и донесуваат превирања. Врските најчесто се интензивни и преполни со транзиции. Но, сепак овие прекрасни искуства неретко завршуваат со скршени срца. Сродните души носат кармички лекции кои треба да бидат завршени во оваа инкарнација.
Животните партнери доаѓаат во оној момент кога постои љубов кон себе и прифаќање. Вие повеќе немате потреба да ја пополните празнината која не може да биде објаснета. Овие партнери имаат слични приказни, па токму затоа и се појавуваат во вашиот живот со цел да останат таму подолго.
3. Постои привлечност која ја надминува оваа временска линија
Кога ќе ја запознаете вашата сродна душа, вие се чувствувате како да сте ги знаеле отсекогаш. Се разбирате еден со друг и имате слични начини на размислување. Вашето детство е исполнето со слични приказни. Токму тука и започнува интензивноста помеѓу сродните души. Вие едноставно „знаете“ дека помеѓу вас постои магнетска привлечност. Овие врски можат да бидат хаотични и деструктивни токму затоа што постои отсликување на мааните и навиките.
Од друга страна пак, животните партнери доаѓаат од различни патишта и потекла. Токму оваа разлика ја зголемува емоционалната поврзаност. Вие сакате да знаете повеќе и да учите еден од друг. Вие се чувствувате лесно во нивното присуство и тоа се претвора во пријателство кое е цврсто и трајно. Љубовта се зголемува со секој нареден ден.
4. Сродната душа ве познава интуитивно
Постои голема поврзаност помеѓу размислувањето и чувствувањето. Вие ги знаете мислите и желбите на другиот. Сродната душа нема потреба од зборови за да ги искаже своите идеи и емоции. Тие биле онаму каде што сте биле и вие, па знаат како е да се чувствувате на одреден начин.
Животните партнери се привлекуваат еден со друг физички, но и тежнеат да ги научат вредностите на другиот. Врската се базира на логичката и интелектуалната стимулација, а не на емоциите од кои се водат сродните души.
5. Кога ќе ја запознаете вашата сродна душа, веќе сте имале огромно животно искуство
Сродните души доаѓаат во специфични моменти кога нешто треба да најде крај. Тие нудат неверојатни лекции кои можат да бидат научени само преку овие врски. Љубовта која се дели е екстатична и понекогаш преполна со тешки препреки. Овие личности се обидуваат да најдат правец во врската која го извлекува најдоброто, но и најлошото во нив.
Врската со животниот партнер е многу лесна. Таа започнува без никаква работа и продолжува да се развива преку секојдневните настани. Не постојат минати или идни приказни кои би манипулирале со оваа врска. Постои само сегашноста. Овие врски се претвораат во здрави бракови бидејќи и двете страни се подготвени да создадат единство додека истовремено остануваат индивидуални и автентични.
За крај, постои шанса вашата сродна душа истовремено да биде и вашиот животен партнер. Исто така можно е и врската со животниот партнер да стане длабока поврзаност помеѓу душите. Најголемата разлика помеѓу животниот партнер и сродната душа е дека едниот од нив е избор, а другиот не. Не постои подобро или полошо кога станува збор за овој вид врски. Вашата душа и вашата поврзаност ги создава овие посебни врски. Секоја личност која влегува во вашиот живот е истовремено и учител, но и студент.