5 јога пози за двојки кои ја зајакнуваат врската меѓу вас
Практикувањето на овие јога пози препорачани од јога инструкторката Елизабет Вилијамсон ќе ве доближи повеќе до вашиот партнер и ќе придонесе за повеќе доверба и подобра комуникација. Според неа допирот меѓу партнерите станува многу потребен во ова време на прекумерна употреба на технологијата и затоа овие пози можат многу да помогнат.
1. Арда Матсиендрасана
Седнете свртени грб со грб со скрстени нозе така што грбовите ќе ви се допираат. Подигнете ги рацете додека вдишувате. Десната рака ставете ја на коленото на партнерот, а другата нека биде подигната во воздух. Со секое вдишување, користете го коленото на партнерот за да се истегнете што е можно повеќе на другата страна. Обидете се и да го синхронизирате своето дишење. Повторете 5-10 пати.
2. Бада Конасана
Седнете грб со грб со партнерот и спојте ги долните делови од стапалата на нозете. Вдишете издолжувајќи го ’рбетот, а издишете така што едниот партнер ќе се свитка, а другиот ќе ги држи ’рбетот исправен. Другиот партнер ја отпушта главата на рамената на партнерот и се релаксира додека ги носи градите напред. Повторете 5-10 пати.
3. Устрасана и Халасана
Едниот партнер легнува на подот, ги подигнува нозете и ги носи над својата глава како на сликата и се обидува со прстите на стапалата да го допре подот, доколку е можно. Другиот седи на колена, а стапалата му се покрај телото на партнерот. Тој со грбот се навалува назад и се обидува да ги дофати стапалата на партнерот, а ако не може, тогаш да си ги дофати своите стапала како на сликата. Вдишете и издишете длабоко 5 пати во оваа поза.
4. Анувитасана
Застанете грб со грб и фатете се еден за друг со лактите. Потоа едниот треба да ги свие колената, да го стегне стомакот, да го свие грбот и да се навали напред држејќи го другиот партнер за лактите. Вдишете и издишете неколку пати пред да ги замените улогите.
5. Урдва данурасана
Едниот партнер лежи на подот со свиткани колена и стапала на подот, а другиот застанува свртен со грбот кон него веднаш до неговите стапала. Потоа оној кој стои се навалува наназад со рацете барајќи ги рацете на партнерот кој лежи. Оној кој лежи ги подигнува стапалата и ги става на долниот дел на грбот на другиот и го подигнува од земја. Потоа оној кој лежи го придржува другиот партнер за рамената, а овој со дланките ги бара своите глуждови.