5 изјави што никогаш не треба да си ги кажете самите на себе

5 изјави што никогаш не треба да си ги кажете самите на себе

Ние сме во постојана комуникација со нашиот ум така што го оценуваме тоа што го работиме и начинот на кој се чувствуваме. Слушајте што ви вели умот. Ако вашиот ум ви е пријател, ќе ви помогне во животот како и секој друг близок. Но, доколку не е, тогаш работата е малку посложена, бидејќи не можете да го отстраните како што можете да го направите тоа со некоја личност. Умот е секогаш со вас и затоа би требало да го направите ваш пријател. Тоа можете да го сторите така што ќе престанете да си ги велите следниве нешта…
1-5-raboti-koi-nikogash-ne-bi-trebalo-da-gi-kazhete-za-sebe-www.kafepauza.mk_

1. „Сѐ уште не сум доволно добар/добра“

Вие можеби мислите дека не сте доволно добри, но ќе се изненадите доколку продолжите да се обидувате. Вашето минато не ве одредува. Тоа ве подготвува за она што сте способни да станете. Она што ве одредува на крајот е начинот на којшто ќе станете откако ќе паднете. Немојте никогаш да се плашите да си дадете шанса да станете она за кое сте способни да бидете. Заборавете ги оние што ве мразат. Никогаш не го потценувајте она што сте и за што сте способни. Совршеноста е резултат на сакање повеќе отколку што другите мислат дека е потребно, сонување повеќе отколку што другите мислат дека е практично, ризикување повеќе отколку што другите мислат дека е сигурно и делување повеќе отколку што другите мислат дека е возможно.

2. „Треба да живеам според очекувањата на другите“

Запомнете, секогаш е подобро да бидете на дното на оние скалила на коишто сакате да се искачите, отколку да бидете на врвот на оние на кои не сакате да бидете. Среќата и успехот се поврзуваат со живеење на животот онака како што сакате. Секогаш бидете она што сте и чекорете по вашиот пат. Никој не може да ви каже дека правите нешто погрешно. Секој си има свои соништа, свои борби и поразличен пат што само за нив има смисла. Вие сте она што сте со причина. Ако погледнете зад себе и забележите дека сте живееле досаден и беден живот игнорирајќи се себе и слушајќи ги своите родители, учители или некоја личност од ТВ екраните кој ви велел како да живеете, тогаш нема кој да обвинувате освен себе. Сетете се дека најпаметен и најхрабар чин е да размислувате на свој начин и да ја слушате вашата интуиција. На крај, подобро е да умрете на свој начин отколку да живеете според нечија туѓа идеја за вашиот живот.

2-5-raboti-koi-nikogash-ne-bi-trebalo-da-gi-kazhete-za-sebe-www.kafepauza.mk_

3. „Важно е што другите мислат и зборуваат за мене“

Што би правеле поразлично кога би знаеле дека никој нема да ве осудува? Не дозволувајте некој друг да ги уништи вашите соништа. Само еднаш направете нешто што тие мислат дека не можете и никогаш повеќе нема да обрнете внимание на нивната негативност. Немојте да заминете од негативните луѓе, туку побегнете. Добрите работи се случуваат кога ќе се оддалечите од негативноста и луѓето коишто ја создаваат. Кој има право да ви суди? Никој!

4. „За мене е предоцна“

Не дозволувајте вашето минато да ви ја украде вашата сегашност. Не судете си за вашето минато, бидејќи повеќе не живеете таму. Пуштете, растете и тргнете напред. Како што старееме и стануваме помудри, така ппочнуваме да сфаќаме што ни е потребно, а што треба да оставиме зад себе. Понекогаш напуштањето е чекор напред. Понекогаш одморот од рутината е токму она што ни е потребно. Ако не се обидете да совладате нешто што е надвор од она што веќе го знаете, засекогаш ќе се чувствувате „заглавено“. Не е предоцна. Ако чувствувате дека е, вашите внатрешни стравови ве лажат. Но запомнете, стравот не постои никаде освен во вашиот ум. Тешко е да го следите вашето срце, но трагедија е доколку дозволите вашите лажни стравови да ве запрат.

5. „Не можам да опростам“

Опростувањето е ветување. Кога некому ќе му опростите, всушност му давате ветување дека нема да го држите непроменливото минато наспроти сегашноста. Да опростите не значи дека она што се случило е оправдано, а исто така не мора секогаш да значи ниту дека таа личност сѐ уште е добредојдена во вашиот живот. Тоа едноставно значи дека сте се помириле со болката и дека сте подготвени да опростите и да тргнете понатаму со вашиот живот. Опростувањето нема врска со ослободувањето на криминалецот од неговиот криминал. Опростувањето значи да се ослободите себеси од товарот на жртва – да се ослободите од болката и да се трансформирате од жртва во победник.

3-5-raboti-koi-nikogash-ne-bi-trebalo-da-gi-kazhete-za-sebe-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар