5 интересни причини зошто да се запишете на курс по актерство
Доколку отсекогаш сте сакале да се запишете на курс по актерство, но сте се двоумеле, еве ги причините што ќе ве натераат уште веднаш да го направите тоа и да си ја остварите желбата.
1. Посамоуверена комуникација
Ако во секојдневната комуникација настапувате плашливо, несигурно и неразбирливо, тогаш курсот по актерство е она што ви е потребно. Актерите се луѓе со неверојатна дикција и способност за добар разговор. Ќе откриете како да се изразувате на начин кој ќе биде разбирлив, смирен, а сепак доминантен. Ќе експериментирате со гласот и ќе станете многу посамоуверени во комуникацијата воопшто.
2. Чувство на удобност во сопственото тело
Треперењето, несигурноста во сопственото тело, згрченоста – се само дел од работите што кај себе може да ги надминете, доколку соберете храброст да се појавите на ваков курс. Актерите, исто така, често применуваат јога, медитација и специјални техники на дишење, кои во голем дел ќе ви помогнат во решавањето на стравовите и постепеното засакување на сопственото тело, со цел за поефективен и подобар настап.
3. Намалување на стресот и напнатоста преку креативно изразување
Часовите по актерство се добри бидејќи таму ќе можете да си дадете оддишка на сите заробени, неискажани чувства, што ви создаваат стрес и напнатост. Во некои од сцените што треба да се одглумат, ќе треба да покажете очај, тага, бес, љубов, копнеж… Можеби ова не е лесно за почетници, но секако, како поминува времето ќе се чувствувате сè поспособни. Обично, се дава одреден монолог, на кој ќе можете да покажете сè што знаете и умеете.
4. Прифаќање на сопствената ранливост
Се чувствувате инхибирано и срамежливо? Настапот на сцена и глумењето пред непознати луѓе, ќе ви помогне да ги надминете тие инхибиции. На пример, глумењето на љубовна сцена, ќе направи полесно и поотворено да ги искажувате чувствата и пред вистинскиот партнер/ка.
5. Запознавање нови луѓе во позитивна, динамична и забавна средина
На часовите по актерство ќе запознаете многу нови луѓе на различна возраст и интересни ставови. Бидејќи со нив заедно ќе работите на комуникацијата, емоциите, говорот на телото, многу веројатно е дека побрзо и полесно ќе се зближите. Ќе изградите нови пријателства, на кои некогаш со гордост ќе се сеќавате.
Па, што чекате? Се надеваме дека причините доволно ве заинтригираа и во вас ја разбудија желбата за остварување на сопствениот актерски сон.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Не ни ја дадовте најважната информација. Каде даваат часови по актерство?
vekje izvesno vreme baram ..stvarno dali se drzat dramski casovi i kade ? 🙂
Да, се држат часови по глума кај нас, само што не можеме да посочиме конкретно школо. Со малку пребарување на Google може да се дојде до некои можности.
Za koj grad i za kade stanuva zbor? Jas davam chasovi po akterstvo … t.e. rezhiram pretstavi ….. pozzz
Извинете ладе давате часови по глума и колку се плаќа?
za vo skopje..a ti kade drzish casovi? 🙂
Постои училиште за театар „Од игра до претстава“ во Универзална сала Скопје
sakam