5 интересни начини да ја носите беж бојата оваа сезона

5 интересни начини да ја носите беж бојата оваа сезона

Бежот е прекрасна неутрална боја, но кога ја носите честопати почнува да ви изгледа досадно и едноставно се одлучувате за некоја друга боја и оваа прекрасна нијанса неоправдано ја занемарувате. Беж нијансите честопати се носат како основа која ја смируваат целата комбинација, па нејзините предности во комбинирањето се неизмерни. Не заборавајте го тоа.

Започнувајќи од капутот или мантилот во оваа нијанса кои се безвремени парчиња, сигурно веќе не се сеќавате ни кога ги купивте, а одлично ве служат со години и одговараат на сè. Освен тоа, капутот во оваа боја изгледа многу луксузно и елегантно. Постојат многу начини да носите беж боја, а да не се чувствувате како секој ден да сте облечени исто. Постојат многу начини да си поиграте со оваа нијанса, па дури и да облечете беж од глава до пети. И заборавете го тоа „бежот е досаден и незабележлив“. Со помош на овие неколку трикови во комбинирањето, дефинитивно ќе го промените вашето мислење.

1-5-nachini-na-koi-shto-mozhete-da-ja-nosite-bezh-bojata-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_

1. Необичен крој

Изберете модели кои се несекојдневни и се разликуваат од останатите. Изберете здолниште во неутрална боја, скроена на тој начин што ќе има повеќе карнери и слоеви. Друг одличен избор се панталони со широки ногавици кои го „милуваат“ подот со кои дефинитивно ќе привлечете внимание. А тоа што ќе бидат во неутрална боја ќе биде додатен плус за вашиот стил.

2-5-nachini-na-koi-shto-mozhete-da-ja-nosite-bezh-bojata-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_ 3-5-nachini-na-koi-shto-mozhete-da-ja-nosite-bezh-bojata-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_

2. Носете беж од глава до пети

Сигурно мислите дека целиот аутфит во оваа боја е претеран, досаден и модна грешка. Но, ќе се изненадите, бидејќи остава друг впечаток. Монохроматскиот стил во комбинација со беж боја е прилично шик и софистициран, секако доколку ги изберете вистинските парчиња.

4-5-nachini-na-koi-shto-mozhete-da-ja-nosite-bezh-bojata-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_ Kim Kardashian shopping in Paris

3. Додадете малку боја

Во оној момент кога ќе ви досади беж бојата и не знаете како повеќе да ја комбинирате, покрај стандардната црна, освежете ја со јаки бои како црвената, портокаловата, сината или виолетовата. Тоа не мора да биде нешто пренагласено, туку можете да се одлучите за детали во силни бои, а главното парче како што се панталоните или кошулата даваат додатен шмек на вашиот стил. Чанта или обувки во јаки бои секогаш добро се вклопуваат со бежот.

6-5-nachini-na-koi-shto-mozhete-da-ja-nosite-bezh-bojata-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_ 7-5-nachini-na-koi-shto-mozhete-da-ja-nosite-bezh-bojata-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_

4. Играјте си со текстурата

Трикот со кој досадните бои ќе ги претворите во занимливи комибинации е кога ќе си поиграте со текстурите. И верувајте дека секогаш успева. Кога здолништето со реси ќе го комбинирате со кое било друго неутрално парче, вие ќе изгледате беспрекорно стилизирано. Исто така, фустанот или здолништето со „лушпи“ делува многу интересно и она што е сигурно, никогаш не е досадно. Затоа, пронајдете нешто поразлично и нека биде во неутрална, беж боја.

8-5-nachini-na-koi-shto-mozhete-da-ja-nosite-bezh-bojata-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_ 9-5-nachini-na-koi-shto-mozhete-da-ja-nosite-bezh-bojata-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_

5. Носете слоеви

Кога ќе се одлучите за повеќе слоеви, вашата комбинација никогаш нема да изгледа досадно, па дури ако е во неутрални нијанси. Беж капутот преку беж кошула или елек делува претерано само кога помислувате на тоа, но кога ќе ја испробате оваа комбинација, ќе го промените вашето мислење. А кога под џемперот се гледа кошула со детали во истата нијанса, ќе добиете една сосема нова димензија на овој секојдневен изглед.

11-5-nachini-na-koi-shto-mozhete-da-ja-nosite-bezh-bojata-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар