5 идеи за вкусно и здраво смуди за добар почеток на денот

5 идеи за вкусно и здраво смуди за добар почеток на денот

Нема нешто подобро од започнување на денот со чаша полна витамини

1-5-idei-za-vkusno-i-zdravo-smudi-za-dobar-pochetok-na-denot-www.kafepauza.mk

1. Тропско смуди со праска и манго

5 идеи за вкусно и здраво смуди за добар почеток на денот

Потребни состојки:
  • 120 мл обезмастен јогурт
  • 1/2 праска
  • 1/2 г исечкано манго
  • 120 мл нектар од праска
  • 1 супена лажица мед

Сите состојки измешајте ги во блендер и послужете во чаша со неколку коцки мраз.

2. Смуди од банана за појадок

3-5-idei-za-vkusno-i-zdravo-smudi-za-dobar-pochetok-na-denot-www.kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • 1 смрзната презреана банана (исечкана на мали парчиња)
  • 120 мл млеко со низок процент на масленост или обезмастено млеко
  • 240 мл обезмастен или грчки јогурт
  • Искршен мраз
  • 1 супена лажица мед
  • Сосем малку мелено морско оревче

Измешајте ги сите состојки во блендер, освен јогуртот. Оставете добро да се соединат и додајте го јогуртот па мешајте ги уште неколку секунди.

3. Освежително смуди со јагода

4-5-idei-za-vkusno-i-zdravo-smudi-za-dobar-pochetok-na-denot-www.kafepauza.mk_

Потребни состојки:
  • 150 г јагоди
  • 1/2 праска
  • 120 мл соино или оризово млеко
  • 3 коцки мраз

Сите наведени состојки измешајте ги во блендер мешајќи со средна брзина на почеток и засилувајќи при крајот. Уживајте во вашето нискокалорично смуди за појадок.

4. Здраво смуди за добро срце

5-5-idei-za-vkusno-i-zdravo-smudi-za-dobar-pochetok-na-denot-www.kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • 5 ливчиња кељ (исчистени по средината)
  • 30 г магдонос
  • 140 г бобинки
  • 1 смрзната презреана банана (исечкана на мали парчиња)
  • 1 кафена лажица мелено ленено или чиа семе

Додајте ги сите состојки во блендер и измешајте ги добро додека смесатане стане хомогена. Може да додадете и вода доколку мислите дека смудито е прегусто.

5. Овошно смуди за поттикнување на имунитетот

5 идеи за вкусно и здраво смуди за добар почеток на денот

Потребни состојки:
  • 1 смрзната презреана банана (исечкана на мали парчиња)
  • 130 г ливчиња кељ (исчистени по средината)
  • 70 г смрзнати бобинки (или слични шумски плодови)
  • 2 кафени лажички фино изрендан ѓумбир
  • 240 мл незасладено млеко
  • 1 супена лажица сиров мед
  • 1 супена лажица чиа семе
  • Сосем малку мелен цимет

Сите состојки измешајте ги во блендер и додајте повеќе млеко доколку смесата е многу густа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар