5 хит техники за фарбање што се одлични за русокоси
И оваа година русата коса им e омилена на девојките. За бојата да не стане монотона, се појавуваат сè повеќе и повеќе техники на комбинирање и нијансирање. Во продолжение погледнете ги техниките што се хит оваа година.
1. Сенчење
Овде станува збор за сенчење на косата со посветли нијанси. Прамените до лицето се светли за да го истакнат, а останатиот дел од косата е со потемни нијанси.
2. Балајаж
Веќе неколку години ова е омилената техника за сенчење, а истото важи и оваа сезона. Оваа година е популарен намалениот контраст помеѓу прамените и природните краеви.
3. Нијанса на мраз
Ледената боја за коса е популарна веќе некое време. Оваа година е надополнета со розов сјај и сјај со боја на лаванда.
4. Потемен корен
Оваа фризура им е омилена на русокосите бидејќи дава визуелно поголем волумен и изгледа одлично брановидна.
5. Боја на мед
Оваа сезона најпопуларна нијанса е бојата на мед која изобилува со топли и златни тонови. Оваа боја одговара на разни бои на кожа и разни бои на очи.
Прочитајте и за 8-те работи што секоја русокоса треба да ги знае.