5 грешки заради кои ги „губите“ добрите момци
Често се запрашувате каде заминале сите добри момци, меѓутоа, понекогаш ви бегаат заради некои ваши мали пропусти. Еве на кои работи треба да обрнете внимание доколку сакате да бидете со добро момче.
1. Сакате одреден тип момци и не сакате да се откажете од него
Нема ништо лошо во поставувањето критериуми, сѐ додека не станете премногу пребирливи. Во одреден момент морате да ги преиспитате вашите критериуми, односно да обрнете внимание на она што навистина ви е важно. Запрашајте се дали навистина би одбиле момче кое ви одговара според сите критериуми освен, на пример, според музичкиот вкус.
2. Преминувате од врска во врска
Срцето не прашува и токму затоа понекогаш мозокот треба да му даде некој совет. После раскинувањето на врската земете си време за да ја преболите бившата љубов. Можеби мислите дека сте подготвени за нова врска, но на сите, па дури и на најсилните жени им е потребно време за нова љубов после раскинувањето. Во тој момент кога сте повредени и тажни, станувате мамец за мажите кои всушност не се добри за вас.
3. Го чекате господин Совршен
Принцот на белиот коњ е само бајка. Понекогаш ни е потребно доста време за да сфатиме дека совршенство не постои. Заради љубовта учиме да ги толерираме сите несовршенства, а понекогаш тие ни стануваат и симпатични.
4. Одбивате излегувања со пријателите
Животот често знае да нè изненади со ненадејни љубовни приказни, но шансите добриот маж да ви затропа на врата се навистина мали. Поголема е веројатноста дека ќе го запознаете на некое друго место, па затоа немојте да се противите на излегувањата.
5. Не сакате да го направите првиот чекор
Старите романтични приказни нè научија дека мажот прв ѝ приоѓа на жената, но времињата се променија. Зад срамежливиот маж кој не знае како да ви пријде можеби се крие добар потенцијален партнер. Кога ќе ги отфрлите своите предрасуди за приоѓањето на мажите, самите на себе ќе си дадете прилика за нови познанства кои во спротивно не би се случиле.
Доколку размислувате да влезете во нова љубовна врска, погледнете зошто треба да бидете во врска со момче кое има добра смисла за хумор.