5 грешки кои не сте ни свесни дека ги правите при шампонирањето на косата

5 грешки кои не сте ни свесни дека ги правите при шампонирањето на косата

Мислите дека знаете како да си ја измиете косата? Размислете пак. Ова се петте најчести грешки кои дури не знаете ни дека ги правите.

5-greshki-koi-ne-ste-ni-svesni-deka-gi-pravite-pri-shamponiranjeto-na-kosata-kafepauza.mk

1. Го користите истиот шампон 7 дена во неделата, 365 дена во годината

Не само што користите шампон премногу често – обично секој втор ден е доволно – туку исто така би требало повремено да го менувате за да спречите насобирање на одредени состојки како силикони. На секои два месеци, заменете го вашиот моментален шампон со друг кој одговара на вашиот тип коса. Исто така можете да користите шампони за длабинско миење на косата (clarifying shampoo) еднаш месечно.

2. Не ја навлажнувате сосема косата пред да нанесете шампон

Без доволно вода, шампонот не пени. Заради тоа можеби ќе ставите повеќе шампон, што не е добро ниту за вашата коса, ниту за вашиот паричник. Застанете под тушот и пуштете млаз врз косата околу една минута пред да почнете со шампонирање.

3. Секогаш почнувате со нанесување на шампонот на истото место на главата

Можеби сте забележале дека врвот на вашиот скалп е сув и трошлив. Тоа е затоа што веројатно секогаш нанесувате шампон во пределот кај круната. Обидете се да ја смените вашата рутина и започнете со делот кај вратот, па потоа распоредете ја пената кон косата пред да дојдете до горниот дел од главата.

4. Создавате премногу триење

За да избегнете оштетување на косата, масирајте го скалпот со врвот на вашите прсти наместо со ноктите или со дланките.

5. Плакнете со жешка вода

Жешката вода ги суши скалпот и косата. Користете млака вода, а ова дополнително ја штити бојата на косата.

Сакате да знаете како правилно да ја миете косата? Прочитајте ги четирите експертски правила.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар