5 фризури кои подобро стојат на мрсна коса
Сигурни сме дека во деновите кога вашата коса е мрсна, а немате доволно време да ја измиете, имате проблем каква фризура да одберете. За среќа и за овој проблем постои решение, односно ви претставуваме 5 фризури кои подобро стојат на мрсна коса.
1. Спуштена пунџа
Доколку мора да излезете со другарките, а немате време да ја измиете косата, тогаш спуштената пунџа е одличен избор за вас. Кога ќе ја врзувате најдобро би било да не користите ластичиња за коса, туку да ја замотате со сопствената коса и да ја прицврстите со шноли.
2. Двојна плетенка
Со оглед на тоа дека мрсната коса најмногу се забележува напред, најдобро решение за ова е да сплетете две плетенки во овој дел и така привремено да го решите проблемот со мрсната коса.
3. Француска пунџа
Мазната француска пунџа е идеална за чиста коса, додека истата фризура во некоја „непослушна“ варијанта е потполно соодветна и доколку вашата коса е мрсна.
4. Спуштена „рибина коска“
Сплетете „рибина коска“, но така што таа нема да започнува од темето на главата, туку да изгледа како спуштена плетенка. Пуштете неколку прамени да паѓаат „непослушно“ и нема да имате никакви проблеми со мрсната коса.
5. Висока пунџа
Кога имате лош ден за фризура, нема подобро решение од високо подигната пунџа. Заврзете ја онака како што ви одговара и како што најмногу ви се допаѓа и нема потреба повеќе да размислувате за вашата коса.