5 фрази кои се многу поважни од „Те сакам”

5 фрази кои се многу поважни од „Те сакам“

Чувството кое го предизвикуваат зборовите Те сакам е за многу луѓе едно од најубавите. Постојат многу љубовни приказни во кои е опишан самиот момент и што сѐ луѓето прават за да го чујат тоа Те сакам. Но она што многумина го забораваат е дека овие два збора не се доволни за една врска да опстане. Колку што постојат приказни кои сведочат за бескрајната љубов меѓу поединци, толку постојат и приказни кои покажуваат дека Те сакам само по себе не е доволно за среќен крај. Следниве 5 фрази се всушност многу поважни зборови до кои треба да се придржувате доколку копнеете по вашата среќна љубовна приказна. 5-frazi-koi-se-mnogu-povazhni-od-te-sakam-kafepauza.mk

1. „Ти простувам“

Простувањето е многу тешко. Кога некој ќе ве повреди повеќе одошто сте очекувале, вие сте лути и гневни, но и разочарани и повредени. Во тие моменти не ни можете да замислите да простите и да продолжите како ништо да не се случило. И веројатно никогаш нема да можете. Но токму поради тежината која ја носи со себе простувањето, неговото значење е неверојатно големо. Добивањето втора шанса е многу важно, бидејќи секој, буквално секој, може да згреши во даден момент.

2. „Те почитувам“

Меѓусебното почитување е многу поважно во споредба со многу работи во врската, не само од љубовта. Вистина е дека за романтична врска потребно е да постои љубов, но тоа е можно ако и само ако постои почитување меѓу партнерите. За да сакате некого вие прво треба да го почитувате тој некој. Постојат многу врски кои опстоиле само поради меѓусебното почитување на партнерите и токму затоа зборовите Те почитувам значат многу повеќе отколку Те сакам. Тие ќе ѝ кажат на саканата личност дека ја прифаќате таква каква што е и дека сакате да бидете со неа и со сите нејзини предности и недостатоци.

3. „Те поддржувам“

Во врската е многу важно да знаете дека партнерот е покрај вас и во добро и во лошо и дека е секогаш подготвен да ве поддржи во тоа што го правите. Поддршката значи многу, особено кога се обидувате да направите нешто за кое сте сонувале долго време, но дури и тогаш кога станува збор за едноставни работи како издржување на секојдневните работни обврски. За сѐ што правиме во животот, потребна ни е нечија поддршка, бидејќи без неа, дури и најмалата пречка на патот може да нè спречи во нашата цел. Кога имате некој покрај себе, сѐ е полесно бидејќи знаете дека тоа што ви е вам важно, важно му е и нему и тоа само поради вас.

4. „Посветен/а сум на тебе и нашата врска“

Кому му е потребен партнер кој би се откажал при првите знаци на тешкотии во врската? Никому. Ниту пак некој кој не сака да работи на врската и не е способен да ѝ го пружи на саканата личност потребното внимание. Затоа овие зборови зад кои стојат дела кои ги поддржуваат значат многу. Значат дека имате покрај себе личност која е подготвена да се посвети и да даде максимум за вас и за вашата врска и која е решена да направи сѐ за да бидете среќни.

5. „Би се жртвувал/а за тебе“

Убаво е кога сте нечиј прв избор. Убаво е да имате некој покрај себе кој секогаш би ве избрал вас пред кој било друг. Убаво е да знаете дека на таа личност вие сте ѝ секогаш приоритет и ништо не ѝ е поважно од вас. Затоа и не ѝ е тешко да жртвува дел од своето време за вас. Не ѝ претставува проблем да се откаже од нешто што сака да го прави само за да прави нешто заедно со вас бидејќи тоа ве прави вас среќен/на. Секому е потребен таков човек во животот бидејќи ако е подготвен да жртвува свој ќеиф за вас, тогаш навистина сте огромен и важен дел од неговиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар