5 форми и дизајни на нокти кои се во тренд оваа сезона
Кога станува збор за лакови за нокти, оваа сезона во тренд се неутралните бои кои прават вашите нокти да изгледаат што е можно поприродно. Но, што се случува со формата на ноктите? Погледнете ги следниве 5 трендови кои се многу популарни оваа сезона…
Тренд 1: Природен облик на ноктите
Овој тренд е особено популарен и често забележуван на неодамнешните модни ревии каде што има комбинација од природни дизајни со природни облици и должина на ноктите. Токму затоа заоблениот облик е можеби еден од најчесто забележуваните форми за оваа сезона. На природниот облик на ноктите најмногу одговараат нежни нијанси на лакови.
Тренд 2: Овални нокти
Овалните нокти се уште еден тренд кој може да се забележи на модните ревии. Тој доаѓа како убава комбинација на софистицирана текстура и класичен облик. Започнувајќи од едноставни дизајни, па сè до 3Д апликации, вие имате голем избор за креативност со оваа форма на ноктите. Што се однесува до боите, за посмелите девојки е комбинацијата со интензивни бои, додека пак за покласичните, бронзените тонови.
Тренд 3: Нокти во форма на бадеми
И покрај тоа што овој облик помина низ значаен пад за време на новите модни ревии, сепак сè уште е многу популарен помеѓу жените за време на летната сезона. Овие нокти ни доаѓаат со различни интерпретации и дизајни, па токму затоа не мора да се ограничувате во поглед на боите.
Тренд 4: Кратки нокти
Она што можеби ги спојува скоро сите дизајни на нокти е најверојатно нивната кратка должина. Традиционалните, природни и кратки форми се само уште еден специфичен детаљ во трендовите за нокти за сезоната пролет/лето 2015. Кратките нокти се забележуваат на скоро секоја ревија, во комбинација со златни или бели дизајни, бледи или шарени, нежни или природни, како и мат црни.
Тренд 5: Овално-четириаголни нокти
Овој облик е сè повеќе популарен бидејќи станува збор за изглед кој делува многу природно. Овално-четириаголните нокти одлично стојат и на кратките, но и на долгите нокти. Со оглед на тоа што во 2015 година е во тренд сè она кое е „природно“, воопшто не изненадува фактот што и овој облик добива сè повисоко место на листата за популарни нокти.