5 филмски парови кои ги дефинираат љубовните врски во денешно време

5 филмски парови кои ги дефинираат љубовните врски во денешно време

Љубовта е константно во нашите мисли и ние без прекин се обидуваме да ја најдеме. Токму затоа и гледаме романтични комедии додека тонеме во каучот со надеж дека ќе избегаме во свет каде вистинската љубов навистина постои. Потоа, кога ќе се вратиме во реалноста, се надеваме дека оваа бескрајна љубов помеѓу нашите омилени филмски парови може да се доживее целосно и во вистинскиот живот. Погледнете ги следниве 5 филмски парови врз кои сите млади се потпираат со цел да пронајдат љубовта на својот живот…

1. „Кога Хари ја запозна Сали…“ (When Harry Met Sally…)

(1) 5 филмски љубовни парови кои ги дефинираат љубовните врски во денешно време

„Мислев не веруваш дека мажите и жените можат да бидат пријатели.“

Кога Хари ја запозна Сали, тие беа странци. Таа го превезе до Њујорк, откако и двајцата дипломирале во Чикаго. Нивните карактери се судираат и тој ѝ вели дека маж и жена никогаш нема да можат да бидат само пријатели. Во текот на следните 12 години тие налетуваат еден на друг, а нивното пријателство сè повеќе цвета. За време на овие средби, тие споделуваат интимни детали за нив, кои неизбежно ќе ги доведат до развивање љубовен интерес. Тие ја прават нивната љубов толку достапна и посакувана, што нè тераат сите нас да се запрашаме дали навистина најдобрите пријатели со тек на време секогаш завршуваат во љубовен однос.

2. „Бележникот“ (The Notebook)

(2) 5 филмски љубовни парови кои ги дефинираат љубовните врски во денешно време

„Па, нема да биде лесно. Ќе биде многу тешко. Ние ќе мора секојдневно да работиме на ова, но сакам да го направам тоа бидејќи те сакам тебе. Сакам сè од тебе, засекогаш, секој ден. Јас и ти… Секој ден.“

Ноа и Али. Нивната љубовна приказна која наликува на Ромео и Јулија вклучува барање од нејзините родители да ги напушти своите емоции за ова сиромашно момче во кое се заљубила покрај езерото, но тие се неразделни. Годините поминуваат, а тие повторно се наоѓаат испреплетени во куќата од соништата која тој ја гради за неа, беспомошно надевајќи се дека еден ден таа магично ќе му се врати. Ја следиме нивната љубов низ кратки спомени, додека Ноа ѝ чита на Али, која боледува од Алцхајмерова болест.

Во книгата од која чита, пишува:

„Читај ми го ова и јас ќе ти се вратам.“

3. „Валкано танцување“ (Dirty Dancing)

(3) 5 филмски љубовни парови кои ги дефинираат љубовните врски во денешно време

„Јас? Јас се плашам од сè. Се плашам од тоа што го видов, се плашам од тоа што го направив, од личноста која сум, но најмногу се плашам да излезам од оваа просторија и никогаш повторно во мојот живот да не се почувствувам онака како што се чувствувам кога сум со тебе.“

Откако Џони ќе ја започне својата долга летна романса со богатата девојка, Бејби, нивните часови за танц ќе го заробат вашето срце. Неговите движења го отсликуваат зборот „секс“, а нејзината чудност станува толку примамлива што кога таа конечно ќе почне да танцува со неговото темпо, ние можеме да видиме магија. Ранливоста која се појавува кога се еден покрај друг, ја поттикнува хемијата да ги надмине сите познати граници.

4. „Брилијантин“ (Grease)

(4) 5 филмски љубовни парови кои ги дефинираат љубовните врски во денешно време

„Ти си она што го сакам.“

♬ You’re the one that I want. Oo-oo-oo, honey ♬

Дени Зуко, кој е премногу кул за училиште, лудо ќе се заљуби во Сенди Олсон која е типична добра девојка. Нејзиниот неодолив шарм и неговата потреба да го одржи својот углед се судираат кога таа се обидува да го потсети на оние летни ноќи кога тие прв пат се запознале. Токму затоа и таа го презема имиџот на лоша девојка со цел тој да ја забележи и во истиот момент почнуваат искри да летаат помеѓу нив.

5. „Како да изгубите момче за 10 дена“ (How To Lose A Guy In 10 Days)

(5) 5 филмски љубовни парови кои ги дефинираат љубовните врски во денешно време

„Ќе те натерам да посакаш да си мртов. Кутриот тој.“

Кога Енди ќе го одбере Бен во еден бар, нејзината единствена цел е да го искористи за истражување за нејзината најнова статија со наслов: „Како да изгубите момче за 10 дена.“ Но, истовремено Бен направил облог со неговите колеги дека може да ја натера да се заљуби во него. Сфаќате кон што води приказната? Во текот на следните 10 дена, нејзините психотични однесувања ќе направат многу повеќе од нејзината идеја да го избрка – тие ќе доведат до покана да го запознае неговото семејство. Откако навистина ќе се заљубат, тие ќе ја откријат и вистината зад нивната врска, но сепак ќе се вратат еден покрај друг во романтично финале.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар