5 емоционални рани од детството кои влијаат на нашите љубовни врски
Родителската љубов е безусловно право на секое дете. Но, за жал, не живееме во идеален свет, иако општата перцепција на луѓето е дека сите родители (посебно мајките) си ги сакаат своите деца и знаат како најдобро да се грижат за нив.
Претпоставката е дека секој родител е зрела, одговорна возрасна личност, без никакви емоционални проблеми кои би можеле да влијаат на родителството. Ова е голема грешка, а чувството дека не сме сакани во детството создава емоционални рани во психата кои влијаат на односите во кои се впуштаме со другите луѓе како возрасни личности.
Ви откриваме 5 емоционални рани од детството кои се пренесуваат во возрасните врски доколку постоело недостаток од родителска љубов кон детето.
Оддалеченост
Детето кое е одгледано со љубов, грижа и поддршка од страната на родителите, односите и приврзаноста со другите луѓе ги доживува како нешто добро и сигурно. Спротивно, детето кое го одгледале родители кои не покажувале наклонетост кон него или пак биле недоследни во изразувањето на своите чувства кон него, се учи дека не треба да им се верува на луѓето. Тоа добива впечаток дека врските не се сигурни и конзистентни, па многу бргу можат да се променат дури и ако биле добри. За дете на кое му е потребна повратна емоционална врска и приврзаност, тоа е поразувачки. Како возрасна личност, непрестајно ќе бара емоционална стабилност. Односите ќе ја прават несигурна бидејќи постојано ќе очекува да биде отфрлена.
Проблеми со довербата
Детето кое го одгледале родители кои му помагале да ги разбере и реши дури и едноставните проблеми, како возрасна личност ќе им верува на другите и ќе смета дека сите мора меѓусебно да се поддржуваат. Отфрленото дете, чии родители го оттргнале, мора да научи самото да се носи со своите проблеми. Во возрасниот живот, оваа личност ќе смета дека партнерот не сака да ја заштити или да ѝ помогне, а дека емотивните врски се опасни.
Потешкотии во поставување и почитување граници
Ако во детството се чувствуваме сакано, учиме дека секој заслужува свои простор и време и сите имаат потреби кои мора да се почитуваат. Несаканото дете не добива доволно свој простор. Кога ќе порасне, оваа личност повеќе ќе ја цени независноста и својот простор отколку што ќе мисли на нечии туѓи потреби. Исто така, ќе има проблем со сфаќање на потребите на другите во врска со давањето простор. Па така, не би било необично кога некој ќе ѝ пружи силно безусловно чувство, да не може разумно да го прифати и соодветно да реагира.
Страв од неуспех
Родителите треба да го научат своето дете дека неуспехот е нормална работа во животот. Емоционално нестабилниот родител може да го казни своето дете ако тоа не исполни некои од неговите очекувања. Заради тоа идната возрасна личност ќе чувствува дека ако не се соочи со нешто, не ни заслужува љубов или прифаќање. Во љубовните односи, тоа создава многу тешка ситуација за партнерот.
Недостаток на самодоверба
Родителите би требало постојано да изразуваат одобрување и внимание и да им покажуваат на децата дека се сакани и добри баш такви какви што се. Токсичниот хиперкритичен родител кај детето создава сомнежи. Како возрасна личност, тоа нема да може да ги препознае своите квалитети. Често ќе се вплеткува во штетни односи и нема да забележува знаци на аларм во однесувањето на партнерот.
Погледнете ја тажната причина зошто траумата од детството ни влијае и во зрелоста.